За Нас

Сѐ е поврзано со сѐ останато

Нашата Визија

Денешните и древните знаења носат заедничка порака и имаат заедничка суштина. И тоа може да биде проширено не само на древните источни култури, туку на сите древни култури. Нивната мудрост допира длабоко и го објаснува функционираањето на животот самиот. Нѐ поттикнува да размислуваме за човечките вредности и за начините како навистина да ги живееме во секојдневието, на сите полиња.

Сите развојни вештини се засноваат на себеспознавање и усовршување (self-awareness & self-management) за да потоа бидеме способни да ги спознаваме другите, а и да ги менаџираме односите со нив (others awareness & relationships management). Впрочем, успехот во бизнисот е категорија во која во најголем процент влијаат односите со луѓето и соработката со истите.

Без оглед од кој аспект пристапувате, која метода ја применувате или која терминологија употребувате, суштински личниот развој се сведува на тоа да се познавате себеси, да се прифатите такви какви што сте, за да во крајна инстанца можете да се промените и трансформирате. Промената започнува од себе, па промената на околностите и на другите луѓе ќе следува како резултат на личната промена. Во целиот тој процес, развиваме вештини, флексибилност и емпатија, што всушност и ја прави разликата.

Елена Антоновска

Јас сум една обична девојка, која живее необичен живот

И не само необичен, туку и извонреден. Кога еднаш ќе навлезете во овој чудесен, креативен свет на раст и развој, нема враќање назад. А и немате друг избор освен да продолжите понатаму.

Една моја карактеристика е таа што јас морам прво нешто да пробам на своја кожа, да го изучам, а потоа да им го препорачам на другите. Учењето и новите нешта ми се страст, а животот е постојано учење. Па така, јас секојдневно се занимавам со тоа што и го работам, и постојано откривам нови нешта. Откривањето се однесува и на работата, на другите луѓе и на себеси, се разбира. За да ги разберете другите и да допрете до нив на било каков начин, имате одговорност да работите на себе постојано, да се развивате и унапредувате. Да ја градите и откривате својата автентичност и индивидуалност. Начинот на којшто тоа ќе го направите постојано се менува, а можам да кажам дека мене поголемиот дел ми се достапни. А потоа, да се тргнете себеси од нивниот пат, како секој добар коуч, и да им овозможите да се развиваат на свој начин.

Од друга страна, длабоко верувам дека нема многу корист од прибирање на знаење кое не го применувате во пракса, во секојдневниот живот. А бидејќи животот постојано се случува, имаме огромно поле за вежба и учење на нови лекции. Една од најголемите лекции е адекватна на слоганот „Слободата доаѓа однатре“ – како да се ослободиме од нашите внатрешни ограничувања, да се издигнеме над личната драма, да бидеме она што сме, да ја пронајдеме смислата и да го живееме животот со страст. Класична приказна за патувањето на еден херој.

Почетоците на работата со луѓе беа видливи уште во времето кога и не размислувавме што би работеле во животот. Офицјалниот старт датира од пред некои 15-тина години, во време кога генерално се имаше малку познавања за енергијата и енергетската пракса. А јас почнав токму со тоа. Што и не беше за чудо, имајќи го овој пионерски дух и способноста да го пробивам патот за нови нешта. Мојата прва пракса беше Pranic Healing, а потоа многу брзо се претвори во бесконечна потрага по нови знаења и вештини, од желба полесно да им се пристапи на луѓето.

Со тек на време ми стануваше јасно дека сѐ е едно, поврзано и исто и дека знаењата ги дели само терминологија и пристап. Сѐ е само модел и начин на гледање на нештата, перспектива. Оттаму произлезе спојувањето на древните знаења и модерните методи и вештини. Како професионален коуч и тренер, постојано продлабочувајќи ги знаењата од областа на развојот, достапни ми се безброј начини за подршка, едукација и промена кај луѓето, во личниот и професионалниот развој.

Сертификати

Мои клиенти – луѓе кои се различни, а ги обединува едно – активна позиција во животот.