Живот после раѓање?

Живот после раѓање?

Во матката на мајката имаше две бебиња. Близначиња. Едното го праша другото:

„Дали веруваш во живот после раѓање?“ Другото одговорило, „Па да, секако. Мора да има нешто после раѓањето. Можеби ние сме тука за да се подготвиме за она што доаѓа подоцна“.

„Глупости“ рече првото. „Нема постоење после раѓање. Каков живот би бил тој?“

Другото бебе одговорило, „Па незнам, ама таму мора да има повеќе светлина отколку овде. Можеби таму ќе одиме со нашите нозе и ќе јадеме преку нашите усти. Можеби ќе имаме и други сетила кои не можеме да ги разбереме сега“.

Првото одговорило, „Тоа е апсурдно. Чекорењето е невозможно. И да јадеме преку нашите усти? Смешно! Папочната врвка обезбедува исхрана и сè она што ни треба. Но таа е многу куса. Животот после раѓањето логично не може да се случи“.

Второто одговорило, „ Епа јас мислам дека има нешто и можеби е поинакво од ова што го имаме овде. Можеби нема да ни треба физичката врвка повеќе“.

Првото одговорило, „Тоа се бесмислици. И дури и да има таму живот, тогаш зошто никој никогаш не се вратил од таму? Раѓањето е крај на животот и после тоа нема ништо освен темнина, тишина и заборав. Раѓањето не нè води никаде.“

„Сепак, не знам“, рече второто бебе, „но сигурно таму ќе ја сретнеме Мајката и таа ќе се грижи за нас.“

Првото праша, „Мајката? Ти всушност веруваш во Мајката? Тоа е смешно. Ако Мајката постои тогаш каде е Таа сега?“.

Второто рече, „Таа е насекаде околу нас. Опкружени сме со неа. Ние доаѓаме од неа. Ние всушност живееме во неа. Без неа овој свет не би можел и не би постоел.“

Првото рече: „ Епа јас не ја гледам и затоа логично е дека таа не постои“.

На тоа второто одговори, „Понекогаш, кога седиш во тишина ако се фокусираш и пробаш навистина да слушнеш, тогаш ќе можеш да го почувствуваш нејзиното присуство и ќе можеш да го слушнеш нејзиниот глас полн со љубов, како те повикува одозгора.“