Значење на болестите

Значење на болестите

Секогаш одново си го поставуваме прашањето за постоењето на болката, болестите и страдањето. Најчестиот одговор и мислење е дека болеста се случува без причина или е судбински одредена, или ни доаѓа како казна предизвикана од виша сила.

Болеста се смета за едно од најголемите зла во светот, при што во борбата за нејзиното отстранување се преземаат сите можни мерки, со извојувани победи над различни симтоми на заболувања.

Очигледно е, дека е оскудно разбирањето за внатрешното, суптилно значење на  болестите, болката и страдањето. Болеста генерално се смета за најголемиот непријател на човекот, против кој се водат бескрајни борби, при што вообичаено се појавува нова болест пред да биде излекувана старата.

Ова генерално незнаење за значењето на болестите постои од времето кога религијата (religio – поврзување) и уметноста на лекувањето се раздвојуваат и следат различни и независни насоки, што значи дека се губи интегрираниот и неделив пристап кон причините на болестите. Поделбата на медицината на различни дисциплини, како што се ментална и физичка на пример, уште повеќе не оддалечува од стариот холистички поглед на болеста.

Како и да е, секогаш постојат големи духовни луѓе кои биле и се свесни за улогата на болеста во нашиот развиток.

Како пример, ќе го цитираме Д-р.Едвард Бач, англиски лекар кој живеел во периодот 1886-1936:

„… болеста, наизглед толку сурова, е всушност придобивка и е за наше добро; ако е вистински интерпретирана,… ќе не одведе до нашите суштински грешки. Со нејзино правилно третирање би биле отстранети овие грешки, што ќе не направи подобри и поголеми. Страдањето има корективна функција со тоа што ни укажува на некоја животна лекција која не сме успеале да ја научиме на некој друг начин и ќе биде отстрането само тогаш кога лекцијата ќе биде научена.“

Патот на вистината и светлината е оној кој води кон препознавање на внатрешното единство на животот и се што постои. Симптомите на нашите болести ни укажуваат каде сме го напуштиле тој пат. Симптомот треба да се разгледува како еден вид информационен медиум кој ни помага да ги препознаеме и интегрираме аспектите на нашето постоење кои или не се свесни или сме ги потиснале или  не сакаме да знаеме за нив или сме ги изгубиле/заборавиле со текот на времето. Токму оваа несвесност ги предизвикува нашите болести.

Овој пристап се базира на знаењето „се што е видливо е само алегорија“, како што вели Гете,или со други зборови, се што е видливо е манифестација на некоја наша намера или идеја. Врз основа на ова, идеите и намерите бараат физичка материја преку која ќе бидат изразени. Во случај на болест тоа би биле вируси, неправилен начин на исхрана итн. Ризични ситуации, несреќи и други случајности се исто така типични „Судбински носители“, како што би ги нарекол германскиот астролог Wolfgang Dobereiner.

Кога Ајнштајновата формула e = mc2 докажа дека материјата и енергијата ја менуваат формата и преминуваат една во друга, тој се приближил до оваа вистина. Во оваа смисла, нашите тела се надворешен приказ на внатрешната свесност, како што е уметничкото дело израз на идејата на творецот.

„Нашите тела, целиот наш живот навистина, не се ништо друго освен рефлексија на нашата духовна состојба, зашто духот е оној кој му дава форма и ја одредува нашата верба.“

Тоа значи дека во надворешните и видливи аспекти, односно во нашите тела и животи, секогаш ги привлекуваме оние нешта кои кореспондираат на нашата свесност или не-свесност, во согласност со Законот на Афинитет (Она што го емитираме, тоа и го привлекуваме.) Астрологијата многу јасно го претставува овој принцип, каде поединечен астролошки аспект не го одредува само соодветниот аспект од нашиот карактер, туку е одговорен и за видот на ситуации во кои се впуштаме. Забележителен е фактот дека ако одреден принцип не го освестиме или го потиснеме, и не го интегрираме во нашиот живот, ќе го доживееме однадвор. На тој начин, ќе бидеме соочени со него во некоја животна ситуација, со што ќе бидеме приморани да се справиме со истиот. Секоја наизглед случајна ситуација рефлектира нешто од нас самите.

Се чини дека сите нешта и случувања се дел од едно единство и на тој начин се меѓусебно поврзани, иако нашите сетила го перцепираат само нивниот надворешниот видлив израз.

Затоа холистичкиот (holos – целина) поглед на здравјето, болеста и лекувањето се заснова на претпоставката за апсолутно единство на животот во сите негови форми. И секој симптом, физички, ментален или психолошки, е точна индикација за достигнувањето на нашиот животен пат, при што станува јасно што ни останува да научиме, со што треба да завршиме, при што и ни се посочени оние наши сфери поттурнати кон еднострано гледање, со кои треба да се помириме.

Но, како е можно некои луѓе да продолжат да ги прават истите грешки како и ние без да страдаат од истите негативни резултати? Колку подолго патуваме на нашиот пат на развиток, појасно препознаваме што е она што ни недостасува за да достигнеме целина. Болеста ни укажува на чекорите кои треба да ги преземеме во нашата лична еволуција. Не мора да биде идентична со онаа на другите луѓе. Секој симптом е специфична порака, која треба да биде препознаена, прифатена и интегрирана пред повторно да бидеме здрави и истовремено да направиме чекор напред во нашиот развиток. Болеста претставува шанса и потреба за созревање.

Од овие причини, не треба да се бориме против болеста, туку да сфатиме зошто таа се појавува. Со препознавањето на она што ни недостасува за бидеме цели, ни се дава шанса свесно да ги интегрираме нашите недостатоци и да достигнеме состојба на единство, целина или светост. Ова достигнување ја прави потребата од болест излишна, а нас не ослободува од  поларитетот и едностраноста, со што ни се дава можност да постигнеме единство на двата пола, односно да бидеме здрави.

Во Германија, прашањето „Што е проблемот?“ буквално гласи „Што ти недостасува?“, но одговорот генерално нема да соодветствува на прашањето, туку ќе долови што пациентот има, како главоболка или вкочанет врат. Овој одговор ќе и индицира на личноста со вакво знаење што му е потребно на пациентот за повторно да оздрави.

Секоја болест има за цел да не обремени, и да предизвика кај нас некаква промена. Ова значи, дека болеста создава услови за да случи процесот на лекување. Секогаш кога сме излекувани од некоја болест, го потврдуваме холистичкиот развиток, што е и животна цел. Како што вели Херман Хесе:

„Со прифаќање, несреќата може да се трансформира во среќа.“

Но, како би можеле да ги разбереме сигналите на болеста и да ги интегрираме недостатоците во нашата свест ако сме веќе болни? Прво, најважно е да не ја одбиваме болеста или да ја потиснуваме, туку да и се заблагодариме што ни сигнализира дека нешто не е во ред.

Неможноста да се достигне состојбата на единство, односно хармонија, се должи на фактот дека континуирамо потиснуваме, одбиваме, игнорираме, дури и се бориме со нешто во нас. Како и да е, кога одбиваме или потиснуваме нешто што постои во нас, тензијата и притисокот ќе се зголемат, со што животот/животната енергија не е во можност слободно да тече низ нас. И уште повеќе, притисокот создава контра-притисок. Ако престанете да притискате, и само погледнете околу вас, ќе откриете дека постои излез за секоја ситуација. На овој начин ќе бидете во состојба да ја искористите својата енергија на разумен и конструктивен начин, наместо да ја трошите на бесмислена борба.

Затоа, најпрво е потребно да престанеме да ги потиснуваме одредените сфери од нашиот живот и да погледнеме што се случува во  нас, без да носимесуд. На овој начин, ќе научиме многу за животот.

Третирајте се себеси, вашиот живот, вашата болест и проблемите на следниот начин. Обрнете им внимание полно со љубов на вашата болка, лутина или страв без да си судите себеси, така што стравот кој овие емоции ви го наметнуваат и моќта која ја имаат над вас ќе исчезне. Следете го секој ваш чекор и престанете да размислувате негативно, на пример: „Ова можам да го прифатам, а ова не“ или „Ова е премногу болно и ова е премногу ужасно“ или „Па ова и онака е предизвикано од вирус“. Погледнете се себеси и начинот на кој реагирате и прифатете се. Кога Исус рекол: „Не се опирајте на злото.“ и „Сакајте ги вашите непријатели.“ изразил огромна мудрост. Само личност која не се опира може да го препознае единството и целината на животот и фактот дека тој е прекрасно единство на поларитети. Секако, креативноста е резултат на интеракција на спротивставени сили, а личноста која ја интегрирала оваа целина во себе е исполнета со добрина, љубов, мудрост, радост и креативна енергија. Одбивањето и супресијата не одвојуваат од целината на животот.

Во материјалниот свет, поразумно е да се потроши енергијата на ширење на светлина и љубов наместо да се бориме против темнината, зашто каде што има светлина, темнината сама се повлекува.

Енергетското лекување, како и многу други алтернативни методи на лекување, се применуваат на суптилните нивоа на човековото битие и всушност ви помагаат да се вратите кон целината. При тоа, ќе почувствувате опуштање, кое ќе ве ослободи од тензијата, одбегнувањето на проблемите и чувството на одвоеност или неприпадност. Како и да е, ова значи дека со алтернативното третирање потиснатите емоции и содржини често се освестуваат. Во тој случај, посакајте им добредојде и дозволете да се случат.

Исто така, со енергетското лекување може да се делува на специфични шеми на однесување, поради фактот што физичката болест, секогаш е израз на погрешен став на психолошки или духовен план, па симптомите на болеста ќе не одведат до причината за истата, недостатокот кај личноста или кон она што е потиснато или не-освестено. Третирањето ќе овозможи личноста повторно да стане целосна и повторно здрава.

Со поседување на ова знаење, секоја индивидуа може да го забрза своето оздравување ако погледне во себе, ако потполно го прифати она што го гледа и начинот на кој реагира, со цел да ја открие причината за својата болест. На овој начин ќе може да препознае и репи многу проблеми во својот живот.

Интерпретацијата на симптомите ќе биде полесна ако се запрашаме: „На што не приморува симптомот на болеста и што спречува да се случува во мојот живот? Во кои околности се појавува?“ Одговорите на овие прашања ќе не одведат многу брзо до основниот проблем и централната тема на болеста.

Како додаток, корисно е да се знае дека ако не и се обрне внимание на болеста, таа ќе се влоши до различни стадиуми. Болеста вообичаено започнува со лесни функционални нарушувања и се развива до акутни физички состојби (на пр. Артритис) и сите други воспаленија (кои завршуваат на -итис) како и повреди и мали несреќни случаи. Ова е акутна состојба која бара од личноста да разбере и интегрира нешто. Ако не им се обрне внимание на овие симптоми, ќе се развијат хронични состојби (артериосклероза) и сите симптоми кои завршуваат на -оза ќе започнат да се појавуваат. Во следната фаза се развиваат процеси кои се исклучително тешки за лекување, како што се промени во органите, канцерогени заболувања итн. Ако оваа фаза на ескалација повторно се занемари, финалниот чекор би бил завршување на животот преку болеста или несреќа, како и нарушувања и деформации при раѓањето во нов циклус на развиток. Овој феномен е познат како карма.

Овој начин на гледање на болестите, нивните причини и начините на нивно третирање на енергетски планне води кон будење на нашата свесност за комплексноста на човечкото битие и важноста на исполнување на човечкиот живот на сите нивоа – физичко, емоционално, ментално, психолошко и духовно. Само на тој начин, човекот ќе достигне хармонија и единство со се она што постои и ќе води здрав живот, исполнет со љубов, добрина, сочуство, милост и среќа, кон себе и кон другите.

Исполнете го својот живот и животот на другите со светлина, љубов и моќ.