Зошто PRANIC HEALING® е наука

Зошто PRANIC HEALING® е наука

Научните експерименти можат да бидат повторени од други научници и да бидат повторно проценети за да тестира нивната точност.

Науката во оксфордскиот лексикон на зборови е дефинирана како “интелектуална и практична активност која опфаќа систематско проучување на структурата и однесувањето на физичкиот и природниот свет преку опсервација и експерименти.” Наука од латинскиот збор  scientia што значи знаење.

На овој начин со наука се означува секој обид што е резултат на систематско проучување, опсервација и експериментирање. Всушност за да биде научно, се подразбира дека треба да има принципи, методи и формула, кои ако се следат, се добиваат слични заклучоци.

Научниот метод се одликува со опсервирање одреден феномен и поставување прашања зошто тој феномен се случува или зошто и како се случува и формулирање хипотеза која може да биде тестирана со експеримент.

На пример, може да забележите дека секој пат кога работите на компјутер повеќе од 8 часа имате главоболка. Ако направите паузи во текот на работењето за да се одморите или да направите вежби за очите и рамената нема да имате проблеми.

Во овој случај хипотезата е дека непрекинато работење на компјутер долго време доведува до главоболки. Со планирање на одмори и физички вежби телото се одржува поздраво и нема главоболки.

Кога ќе ја воспоставите хипотезата, треба да ги дефинирате варијаблите и контролите за вашите експерименти проследени со проучување на темата и претходно составените експерименти, запишување на податоците, анализа и на крај да извлечете заклучок.

Научните експерименти можат да бидат повторени од други научници и повторно да се оцени нивната точност.

Сега ајде да зборуваме за Pranic Healing и зошто Pranic Healing се смета за наука.

Pranic Healing е развиен од Мастер Чоа Кок Суи и е засновано на неговите набљудувања дека виталната енергија всушност навистина постои и дека таа константно влијае на нашето здравје и нашата добросостојба. Луѓето со помалку витална енергија и загадено био-поле тежнеат да бидат болни и слаби додека пак луѓето со повеќе енергија и посветло био-поле (Аура) тежнеат да бидат поздрави.

Неговите опсервации и анализа на случаи на пациенти покажале дека луѓе со слични енергетски обрасци тежнеат да имаат исти здравствени нарушувања. На пример, кај пациенти со висок крвен притисок притисок било забележано дека имаат преактивирана менг меин чакра како и пренатрупана и премногу активирана чакра на соларниот плексус.

Неговиот широк дијапазон на знаење и проучувањето на различните модалитети на исцелување, спиритуални технологии и психички феномени му помогнале да ја разбере материјата суштински и да дизајнира експерименти за понатаму  да ги потврди неговите наоди.

Експериментите биле изведени на вистински пациенти со најразлични здравствени проблеми. Резултатите од исцелителните  техники биле истражени преку  опсервации и интервјуа.

Мастер Чоа Кок Суи поминал 20 години во истражување за да го концептуализира Pranic Healing како наука со принципи, техники и чекори со цел секој што ќе ги следи процедурите, да ги добие очекуваните резултати.

Конечно во 1987, Pranic Healing било претставено на јавноста преку издавањето на книгата „Древната наука и уметност на Pranic Healing” чие име подоцна било сменето во „Чуда преку Pranic Healing“.

Со популаризирањето на Pranic Healing во се повеќе земји, се повеќе луѓе почнале да го користат на пациенти и да ги запишуваат нивните сведоштва и Мастер Чоа Кок Суи ги охрабрувал луѓето да прават такви експерименти и опсервации за понатаму да ја потврди ефективноста на системот. Некои од сведоштвата биле вклучени во последната глава од „Чуда преку Pranic Healing“ за да ги види јавноста.

Заради едноставноста, софистицираноста и интелектуалниот пристап во опишувањето на нарушувањата и давањето на решенија за препознавање и подобрување, го направиле Pranic Healing популарен метод дури и меѓу докторите.

Работилници за Pranic Healingнаскоро се одржувале на универзитети, болници, цркви и корпорации. Болницата за неврохирургија во Калифорнија била меѓу првите болници каде биле одржувани работилници за Pranic Healing како комплементарен третман на конвенционалната медицина.

Оддели за Pranic Healing биле поставени во голем број болници вклучувајќи ги болниците Apollo Speciality во Мадрас, Бенгалор и Делхи, болницата Sir Charles Gairdner во Недландс Западна Австралија, центарот за рак во областа Вентура во Окснард Калифорнија за  да им се помогне на пациентите да се опоравуваат побрзо.

Мастер Чоа Кок Суи го претставил Pranic Healing како комплементарна терапија на конвенционалната медицина, а не како замена, затоа што се занимава со енергетското тело и енергетските центри, а не со физичките органи. Засновано на принципот на кореспонденција, тој заклучил дека тоа што влијае на енергетското тело, влијае и на физичкото тело и обратно, што е една од причините заради која и функционира.

Покрај проучувањето на случаи и јасновидните опсервации, академските истражувања сега се изведуваат низ целиот свет, а некои од нив се веќе објавени.

– Една од студиите на Pranic Healing е направено во болница во Мадрас, Индија. Стандардни лабораториски експерименти беа спроведени на бактерии и глувци за да се провери ефикасноста на Pranic Healing за лекување на рани, намалување на стресот и во хирургијата. Целта е да се набљудува брзината на закрепнување на пациентите со аплицирањето Pranic Healingво споредба со нормалната брзина. Резултатите покажаа побрзо закрепнување на пациентите кои примиле комплементарен третман. (РЕФЕРЕНЦА)

– Уште еден експеримент е за Superbrain Јога со Ким Сиар од средното училиште во Нористаун во Пенсилванија во 2005 година, која покажа 21,487% подобрување во резултатите од испитите на група што правела Superbrain Јога  во споредба со 2,7125% од контролната група. (РЕФЕРЕНЦА 1); (РЕФЕРЕНЦА 2)

– Д-р Џои П. Џонс, професор на радиолошки науки на Универзитетот од Калифорнија, спроведе истражување со наслов: „Квантитативна проценка на Pranic Healing со користење на зрачење на клетки во култура“, која покажа дека 48,8% стапката на преживување на клетките после гама зрачење може да биде зголемена на 92,3%, со примена на Pranic Healingпред и по зрачењето.

Видеата од ова истражување можете да видите на следните линкови:SSE Talks – Pranic Healing and Cells 1/3; 

SSE Talks – Pranic Healing and Cells 2/3; 

SSE Talks – Pranic Healing and Cells 3/3

– „Влијание на медитацијата на Срцата Близнаци на Невро Хормоните и неуропептидите“ беше насловот на една друга студија спроведена од страна на  Глен Џозеф Мендоза доктор и мајсторот по Pranic Healing и Сурја Гхорпадкар од Њу Џерси, која  покажа дека постои позитивна врска меѓу Медитација на Срцата Близнаци и серумските нивоа на мелатонин (до 300% зголемување), но нема значително влијание врз плазма бета-ендорфините. (РЕФЕРЕНЦА)

– Докторот и мајстор по Pranic Healing, Глен Џозеф Мендоза, имаше истражување спроведено под наслов: „Влијанието на Pranic Healingна неврогенезата”, заедно со д-р Евгениј кој покажа 25% зголемување на новосоздадени клетки во хипокампусот со примена на Pranic Healing.

– Андреа Тарабек R.N. и Џим Сорден направија истражување во декември 2003 година насловено „Истрага на ефектот на Pranic Healingтехниката врз процесот на породување и состојбата на мајките“, во која Pranic Healing техники се применуваат за подготовка за породување од февруари до декември 2003 . Податоците од 256 породувања во текот на периодот од февруари до декември во споредба со 722 деца во 2000, 2001 и 2002 година, покажа позитивни ефекти врз процесот на породување и состојбите на мајките. 19% од случаите со неоштетен перинеум во 2002 година се зголеми на 33%, додека 34% од случаите без болка се зголеми на 45%. 22% од случаите со компликации во 2002 година се намали на 17% во текот на февруари до декември 2003. (РЕФЕРЕНЦА)

– Во 2004 година, Центарот за Рак и палијативна нега  во Западна Австралија и Универзитетот Edith Cowan спроведоа истражување, заедно со Аурора Попеску како асистент на пациентите со рак. Со 17 месечна студија на пациенти кои примаат комплементарни третмани, вклучувајќи Pranic Healing, преку Центарот за поддршка на ракот на SCGH Brownes изјавиле подобрувања во квалитетот на животот и во намалување на болката. Овие подобрувања беа следени со поени  пред и после секој третман , а исто така имаше подобрување после неколку третмани. (РЕФЕРЕНЦА)

– „Ефект на Pranic Healingна проблеми во однесувањето и перформанс во училиштата на малолетни деликвентки” е насловот на друго истражување од страна на д-р Ј Вурунда Пимпалкхуте, раководителот на Секторот за холистичка срцева рехабилитација на M.S.R. болницата за медицинска настава, Карнатака, Индија. 22 девојки од поправниот дом беа третирани 3 месеци при што се подобри однесувањето и перформансите во училиштата и беа забележани значителни подобрувања во деструктивното однесување, насилството, ноќно мокрење и резултати од испитите.

Исто така, направени се уште многу слични истражувања кои се наоѓаат во процес на валидација на ефективноста на Pranic Healing  и се занимаваат со разни здравствени проблеми.

Всушност лекувањето во античко време повеќе се сметало како уметност отколку наука. Технологија за исцелување со добро утврдените принципи, техники и протоколи често е тешко да се најде меѓу старите методи на лекување. Pranic Healingе наука во оваа смисла, како што може да се претстави со формули и постапката кои ако се применат од страна на луѓе извештени во оваа наука можат да доведат до слични очекувани резултати.

Во моментов Pranic Healing се спроведува во повеќе од 100 земји и книгата „Чуда преку Pranic Healing“. е преведена на повеќе од 11 јазици.

„Pranic Healing  е науката и уметност на лечењето“ стана популарна фраза која ја користат за да се опише Pranic Healing. 

Извор: Prana World