Контролирајте ги вашите емоции на работа

Контролирајте ги вашите емоции на работа

Почекајте 48 часа пред да реагирате на навреда. Звучи лесно, нели? Но, дали навистина некогаш сте се обиделе да го направите тоа?

За себе секогаш мислиме дека сме балансирани личности. Но, нашиот животен стил обезбедува да сме постојано окупирани, дома и на работа. Ова често доведува до тоа да се чувствуваме преоптеретени. Води до реакции кои не се најмудри, дури и во најобични ситуации. Реакции кои не се соодветни, особено на работа.

Дали некогаш сте посакале да му одвратите на вашиот шеф? Шансите тоа да ви се удри од главата се 100%. Обидете се. Или подобро, немојте!

Подобро е да погледнете зад сцената и да ја најдете вистинската причина за импулсивното однесување, отколку да се фокусирате на контролирање на вашите реакции. Како и да е, во повеќето случаи, ваквото однесување доаѓа од стрес.

Ајде да разбереме зошто ова се случува.

Многу пати сме спомнале дека, стресот над одредено ниво (индивидуално за секого), предизвикува „емоционална нестабилност“. Во овој процес, имаме тенденција да се однесуваме како да сме „топ“, еден ден се чувствуваме екстремно позитивни, а веќе следниот ден се чувствуваме ужасно. Кога сме нерасположени, имаме тенденција да го губиме трпението и да реагираме на непријатните ситуации со голема вознемиреност. Овие реакции се манифестација на длабоко потиснати и долгорочни стресни ситуации на работа или во нашиот личен живот.

Овде ќе зборуваме за ситуациите на работа кои доведуваат до негативни емоции и начините на кои можеме да го избегнеме притисокот.

  • Премногу работни обврски
    Кога работите на многу задачи во исто време или имате долго работно време, уморот може да ве доведе до надразливост.
  • Лични фрустрации
    Ситуациите во вашиот личен живот заземаат повеќе или помалку место во вашиот ум, дури и кога сте на работа. Ова го нарушува балансот помеѓу вашиот личен и професионален живот.
  • Други фактори
  • Несогласување помеѓу вештините и назначената работна задача
  • Неисполнети очекувања од работата и работното место
  • Ниски перформанси на членовите на тимот
  • Несигурност на работното место
  • Неспособност за прилагодување кон тимот
  • Недостаток на систем за поддршка
  • Негативен став и однесување на колегите и тн.

Сите овие ситуации предизвикуваат стрес, понекогаш долгорочен, кој се манифестира како намуртен и груб пристап во односите со околината.

Избегнете ја емоционалната нестабилност на работа

Превентивата на негативните реакции е во наши раце. Доколку не ги контролирате своите емоции, тие ќе ве контролираат вас. Некои ефективни методи за регулирање на нестабилното однесување се следните:

  • Поставете здрави граници. Не им дозволувајте на другите да го нарушат вашиот животен простор. Научете да прифаќате и да бидете емоционално недостапни.
  • Искористете ги викендите, одете некаде и опуштете се. Променете го местото – променете ги мислите. И нека тоа биде во природа.
  • Споделете ги своите работни проблеми со својот партнер. Направете го свој вентил.
  • Научете правилно да дишете.
  • Одвојте време и простор за себе барем 30 минути во текот на денот. Практикувајте медитација.
  • Грижете се за своето физичко тело. Вежбајте.
  • Применете или уште подобро, научете некоја од енергетските методи, како на пример Реики или Pranic Healing, кои ќе ви донесат релаксација, внатрешен мир и здравје.
  • Фокусирајте се на решенијата во животот, а не на проблемите. Почнете со коучинг.
  • Запознајте се себеси. За тоа постојат многу методи и начини, а некои нив се психоанализа, анализа на соништа, интроспекција и тн.
  • Бидете креативни, најдете си хоби – изразете се себеси на начин кој ги поддржува вашите природни интереси и таленти.
  • Искористете го сето она за кое зборувавме во претходните броеви на Народен лекар, а го практикуваме во Ars Lucida: https://www.arslucida.mk/.

Подобрете ги своите комуникациски вештини

  • Изградете свој систем за поддршка
    Воспоставете доверба со колегите и изградете здрави пријателства кои постојано ќе ве мотивираат и поддржуваат.
    Разберете ја организациската култура за да можете полесно да се вклопите.
  • Комуницирајте
    Комуницирајте со вашиот шеф за да подобро ја разберете својата улога. Помогнете му за да тој вам ви помогне.
  • Одложете ги своите реакции
    Не дозволувајте туѓите зборови да предизвикаат погрешни реакции. Мислете пред да прозборите. Дишете длабоко. Изберете ги внимателно своите зборови, тие знаат да повредат. Подоцна ќе изнајдете решение за ситуацијата.
  • Time management
    Работете пократко и помудро. Искористете некои алатки за зголемување на продуктивноста за да ја забрзате работата. Ќе имате повеќе време на располагање.

Повеќе слободно време на работа?

  • Подобрете ги своите вештини за односи со јавност
    Не е важно само да работите напорно. Изградете добри односи со луѓето кои ќе ви обезбедат да работите поефикасно, а пократко.
  • Организирајте се
    Поставете ги своите работни задачи во некој ред, а бирото држете го организирано. Тоа ќе допринесе да и вие бидете во ред.
  • Унапредете ги своите вештини
    Учете нови нешта на работа, посебно оние кои можат да ви ја олеснат работата.

Сето ова може да ве направи емоционално постабилни, да ги подобри вашите односи со луѓето, а и да ви донесе професионален напредок. Па, фатете се за работа J