Коучингот како алатка за постигнување на успех (Erikson coaching – Solution focused coaching)-2 дел

Коучингот како алатка за постигнување на успех (Erikson coaching – Solution focused coaching)-2 дел

Живејте ја својата извонредност (дел 2)

  • Поставување на договор

Освен СМАРТ принципот кој мора да биде задоволен за да имаме конкретно и прецизно поставена цел, целите треба да се изразени во ПОЗИТИВНА форма и во СЕГАШНО време. Што значи, „Не сакам веќе да ја работам оваа работа“ не е цел. Што сакате? „Сакам да имам работно место на кое…..“ е цел. Ова е поврзано со моќта на зборовите, енергијата која ја носат и која ја зрачиме преку нив и што сакаме да се манифестира во нашиот живот, како и со начинот на кој функционира нашата потсвест, односно нашиот ум. Она што зрачиме, тоа и привлекуваме. Додека нашиот ум пак, не познава негација, така што доколку се изразуваме со негација, ќе го манифестираме токму она што не го сакаме.

Мошне е важно, целта да биде под ваша контрола, односно да биде нешто што во најголем процент зависи од вас самите. „Сакам утре да имаме сончево време“ не е баш под наша контрола, нели?

  • Прашања за планирање

Вашиот коуч, во следната фаза, ќе ви постави неколку прашања кои се мошне важни за продлабучување и разјаснување на вашата цел. Што сакате? Како можете истото да го остварите? На кои начини можете да се обврзете кон тоа што го сакате? Како ќе знаете дека сте го добиле тоа што го сакате?

Овие прашања ја прават вашата цел мерлива, почиста, попрецизна и ви даваат чувство на одговорност да го постигнете тоа што го сакате, со посветеност и упорност.

  • Создавање на искуство

Лично сметам дека она што следува е можеби и најубавиот дел од коучинг процесот. Со поставување на отворени и „како би било кога“ прашања и различни техники и веќби за планирање, коучот ќе ве одведе на едно од вашите најубави и најкорисни патувања. Во оваа фаза ви е дозволено да фантазирате, да отидете на местото и во времето кога вашата цел е веќе остварена и да ја доживеете потполно оваа прекрасна ситуација, во која вие сте центарот на вашата исполнета цел. Имате шанса да погледнете во иднината онаква каква вие би сакале таа да биде и да видите дека е всушност возможна. Сѐ што можете да го замислите, можете и да го остварите, се сеќавате?

Во следниот број: Продолжуваме со чекорите на коучинг процесот.