Мотивација – како да си го промените животот

Мотивација – како да си го промените животот

Она што во денешно време многу често го среќавам кај луѓето е состојбата на заглавеност и недостиг на мотивација да се направи чекор напред. Секој е затворен во својата приказна, мислејќи дека сопствената планина има најголема тежина. Изолацијата, негативните мисли и
колективната депресија допринесуваат личноста да се чувствува како во експрес
лонец. Затрупан и под притисок, добива впечаток дека е заглавен и доаѓа до
стадиум на беспомошност и безнадежност, чекајќи, како во секоја бајка, да дојде
некој и да го спаси.

Тука доаѓаме до оној, постојано избегнуван момент на преземањ одговорност за сопствениот живот. Промената започнува кога го земаме сопствениот живот во сопствени раце. Тоа ја чини
мотивацијата која нѐ е потребна за да свртиме нова страница и почнеме да
пишуваме една нова, поубава приказна.

Екстерната мотивација е секогаш краткорочна. Тоа може да е збор, пријател, кариера, пари, работа, семејство.
Сето тоа генерира ограничена количина на енергија која брзо се троши, бидејќи
не е наша, не потекнува од нас самите. И уште повеќе, таа енергија не
циркулира, бидејќи за да е константна и трајна потребно е и давање и примање.
Па ако ние само земаме, односно се потпираме на надворешни мотивациони фактори,
а не даваме нешто за возврат како резултат, таа енергија ќе пресуши и ние многу
брзо стануваме незадоволни.

Освен тоа, екстерната мотивација е секогаш адекватна на некои наши ставови и убедувања за тоа како нештата треба да бидат и често не се темели на она што ние навистина го сакаме, што нѝ е важно и каква личност сме ние навистина. Па така, екстерната мотивација создава
вештачко и неприродно, привремено чувство на задоволство. Но никогаш не нѐ
прави среќни и исполнети, па многу лсно ние повторно се враќаме во нашата
удобна состојба на заглавеност.

Она што има значење и нѝ дава енергија да се движиме напред постојано е интерната мотивација. Таа доаѓа од нас самите, однатре, и потекнува од нашите најдлабоки вредности, од чувството дека има луѓе на кои им требаме, на кои можеме да им помогнеме, Таа потекнува од нешто што е поголемо од нас, системот, во кој може да спаѓа компанијата, семејството,
животните, човештвото, Планетата Земја, целото постоење. И вообичаено во
нејзината основа стои давање и љубов, формулирано како повисока цел, како нешто
по што луѓето ќе нѐ споменуваат и паметат, како влијание кое ние го оставаме
зад нас. Тоа е нашиот придонес кон светот, во помали или пошироки рамки. Секој
од нас има што да даде, да пренесе, да ги научи другите, да остави трага. Без
оглед дали неговата животна цел е да биде родител или космонаут или нешто
сосема друго.

Ние сме одговорни и имаме обврска да се пронајдеме себеси и со тоа да го пронајдеме она поле каде можеме да даваме. И да почнеме да делуваме. Со тоа се менува целата поставка на животот. Каде ви е фокусот, тоа и расте. Наместо да се лутиме, да бидеме тажни, несреќни, огорчени и бесни, мотивот е таму каде сме ние полезни и придонесуваме, за СЕБЕ и за
ДРУГИТЕ.

Ако би составиле план за тоа како да се извлечеме од чаурите во кои се наоѓаме, тоа би изгледало вака:

  1. Ослободете се од негативнити мисли –
    Прашајте се:

     

    • Дали е ова вистина? (Да или Не, ако е Не
      одете на точката в.)
    • Дали сте апсолутно сигурни дека е
      вистина?
    • Како реагирам, што се случува, како се
      чувствувам кога и верувам на оваа мисла?
    • Кој сум јас без таа мисла?
    • Заменете ја мислата со нова неколку пати
      (Јас сум заглавен = Јас сум слободен да дејствувам = Некој е крив = Јас сум
      одговорен = Јас можам итд)
  2. Преземете конкретни чекори.
    • Идентификувајте ги своите навики, донесе
      одлука и променете ја, за тоа ви е потребен 21 ден. Учете, посвете си време
      секој ден барем 30 мин, хранете си го умот, срцето и душата со благотворни
      нешта.
    • Почувствувајте ја промената на физичко
      ниво. Променете го физичкиот изглед, ставот на телото, вежбајте грижете се за
      вашето тело.
    • Најдете нешто што е поголемо од вас
      самите – некоја мисија, повисока цел. Ангажманот околу тоа ќе ѝ даде љубов на
      вашата болка и таа со време ќе исчезне.
    • Најдете си пример на човек кој успеал на
      било кој начин да си ги надмине ограничувањата, во реалниот живот или од
      приказните. Нека ви биде инспирација за тоа што е возможно и предизвик да ги
      надминете своите. Направете план, стратегија за развој и делувајте.
    • Давајте, споделувајте и служете. Секогаш ќе најдете некој на кого животот му е тежок и му е потребна помош. И тоа вашата помош.

 Кога ќе станеме свесни дека постојат луѓе/животни кои се гладни, жедни, болни, немаат дом, облека, страдаат, гинат, дека сме потребни и битни, нашата мака станува безначајна, а нашиот живот добива смисла.