Пет нешта за здрава врска

Пет нешта за здрава врска

Едно од нештата за кои сум сосема искрена е фактот дека имав прилично лоша среќа во љубовниот живот.  
Ако постоеше грешка која можеше да се направи, јас ја правев. Ако имаше нешто кое ми беше посочено дека не смеам/не можам да го направам, јас го правев. И многу страдав поради тоа.

Започнав да ги поврзувам драмата и дисфункцијата со љубовта и романсата и ништо не можеше да биде подалеку од вистината.

Дел од причината зашто се партнерските релации моја специјалност денес и зашто сум толку добра во тоа, е бидејќи сум била во тоа, сум го направила тоа, сум горела. Ова го вклучува фактот дека оттогаш направив значајна лична психолошка работна тема на моите партнерски релации, со многу љубов за да стигнам таму каде што сум денеска.

А каде сум денеска? Мажена за човекот од моите соништа после долго време во врска со прекини, врска на далечина со две деца и уште едно кое моментално живее во мојата утроба.

“Минатото не може да биде избришано.”

Ова е она што открив дека луѓето во здрави релации го прават различно:

1. Минатото не може да биде избришано

Многу луѓе ќе ни кажат дека ние мораме да го пуштиме минатото, или да го оставиме зад нас. Иако е тоа интересна идеја, јас мислам дека е тоа целосно глупаво. Ние никогаш нема да го заборавиме или пуштиме минатото, и зашто би го направиле тоа? Минатото нè довело каде што сме сега.

Сè што сме искусиле, било добро или лошо, било значајно искуство дизајнирано за да го помогне нашиот раст и развој. Луѓето во здрави релации не ги заборавиле случајно или ‘’пуштиле’’ нивните повреди, тие ги трансформирале. Тие научиле како да го ценат нивното минато и се што тоа креирало, како потребни чекори на скалата на личниот раст.

Тие го носат со себе во новата релација уважувањето за секој миг и почит за она што го оставиле зад себе, за она што го искусиле. Тоа додава богатство и длабочи на која инаку би недостигала ако навистина би можеле да притиснеме копче и да ги пуштиме сите наши минати искуства низ бунар.

2. Не е секогаш 50/50

Понекогаш е 80/20 и тоа е во ред. Она што не е во ред е да останеме во оваа позиција на дисбаланс. Сите поминуваме низ болни нешта, лични кризи и слично.

Наместо да се жалат и да прават драми, луѓето во здрава релација разбираат дека понекогаш е потребно да дадеме малку повеќе додека нашиот партнер се фокусира на други нешта. Тоа може да биде работа или лични нешта кои бараат нивно внимание. Ако се зборува за тоа отворено и искрено, тогаш е добро да се даде малку повеќе, додека вниманието на нашиот партнер е насочено на друга страна.

Она што не е во ред е ако овој дисбаланс постане дел од нашето секојдневие. Една личност не може да биде столбот на целата релација; самата дефиниција на релација имплицира учество на друга личност за заедничка цел.

3. Искреноста е важна

И,искрено, ова беше најтешкиот дел за мене. Како прилично независна жена која сама заработуваше и беше самостојна долго време, беше неверојатно тешко да замислам дека оддеднаш треба да делам од својот џеб или да му кажам на мојот партнер каде ќе одам.

Мојата бунтовничка природа ќе се пројавеше и реченицата ‘’не е твоја работа каде одам јас’’ќе излеташе од мојата уста повеќе од еднаш. Ова сепак, не е дел од здрава релација.

Додека бев во својата тајновитост, мојот сопруг ми кажуваше каде ги троши парите, во кои заштеди или во кои проекти ги инвестира. Ако ја напушташе куќата, тој ќе ми кажеше каде оди и кое време отприлика ќе се врати дома. Тоа не го правеше сочувство дека тојмора, но со чувство дека е тоа почитување кон мене. Јас си направив белешки за сето ова.

Кога сме во здрава релација, време е да се отвориме за овие нешта. Без разлика дали е тоа каде сме се упатиле сабота попладне или колку нови пара чевли сме купиле додека се трудиме да ги скриеме во плакарот.

Ми требаше прилично време да разберам дека нема потреба да го гледам тоа од адолесцетска перспектива и страв дека некој навлегува во мојот личен простор. Ние сепак можеме да бидеме независни и отворени – оние луѓе во здрави релации го разбираат тоа.

Сеуште го игнорирате вашиот партнер кога сте вознемирени од него? НЕМОЈТЕ!

4. Тишината е смртоносна

Сеуште го игнорирате вашиот партнер кога сте вознемирени од него? НЕМОЈТЕ! Не го негувајте овој смртоносен тренд; тој уништил повеќе релации отколку што можам да запомнам!

Оние кои се во здрави, долги релации разбираат дека клучот на сè на крајот се сведува на комуникација.

Освен ако не сте Парис Хилтон, јас би рекла дека ништо во животот не се разрешува ако застанете во ќошето со рацете обвиткани околу вас. Ќе има времиња кога ќе му се налутите на партнерот. Ќе бидете во конфликт, нема да се согласите околу некои нешта и понекогаш можеби ќе си кажете непријатни нешта.

Тоа е природата на ѕверот. Тоа е како се справуваме со оние тензични моменти кои одлучуваат дали ќе продолжиме на патот кон здрава и среќна релација или ќе скршнеме, или ќе ја напуштиме релацијата.

Ние мораме да бидеме способни да разговараме за она што ни пречи. Дали е добро понекогаш да почекаме додека се ‘’оладиме’’? Секако, никој не сака вперен прст во себе или висок тон.

Сепак, разговор за она што ни пречи е основно за да се надминат несогласувањата,недоразбирањата. Нашиот партнер не може секогаш да знае како се чувствуваме или што да направи доколку не создадеме простор каде што двајцата можеме безбедно да ги споделиме нашите чувства.

Затоа престанете да молчите и зборувајте!

5. Одделно, но заедно!

Луѓето кои уживаат во здрава релација разбираат дека релацијата не е она што го прави нивниот живот целосен, но повеќе е надополнување на нивниот веќе целосен живот. Па така многумина наоѓаат некој за кого се заинтересирани, и оддеднаш ги напуштаат пријателите и го посветуваат секој момент на нивната нова љубов. Потоа, кога релацијата почнува да згаснува пополека поради недостигот од простор, нивниот живот се распаѓа.

Кога сме во функционална и здрава релација, постои разбирање дека секој од нас мора да има свои цели и страсти. Ние мораме да имаме време за себе за да ги истражуваме своите интереси. Ништо не е посекси од маж/жена кој/а е страствен/а и способен/способна да држи до себе.

Спротивно, ништо не ‘’оладува’’повеќе од мирисот на очај. Направи го својот живот целосен и истражувај го она што го сакаш – твојата релација ќе биде многу побогата поради тоа.

Најважно, оние кои се во здрави релации разбираат дека се сè сведува на почит и љубов. Почит и љубов за себеси, за партнерот и за релацијата.

Постои желба да се сака партнерот до она ниво на кое тие чувствуваат слобода која доаѓа од сигурноста.

Здраво не значи дека нема проблем – но за среќа, може да се научат неколку здрави навики кои ќе ви дозволат да ги разрешувате проблемите на начин кој не го нарушува интегритетот на релацијата.

Лаура Браун

Текстот е превземен од: http://www.elephantjournal.com/

Претходен напис
Пушти го она што го сакаш
Следен напис
Тешки соработници