Pranic Healing-Народен лекар 2

Pranic Healing-Народен лекар 2

Pranic Healing-Народен лекар 2

Денес, повеќе од било кога, имаме силна потреба за брз делотворен метод на урамнотежување на материјалниот и духовниот аспект на нашиот живот. Во исто време сведоци сме на масовното будење на свеста, која кај многу луѓе создава потреба за потрага по духовни решенија за секојдневните животни ситуации, во кои спаѓаат стресот, различни видови на односи меѓу луѓето, успех, и можеби најмногу од се, здравје.

Лекувањето со Прана претставува едноставен, делотворен начин за унапредување на личното здравје и енергија, преку третирање на подлабоки емеотивни и енергетски нивоа на стварност, каде може да се зголеми, контролира и управува со изворот на Прана, универзална животна сила која телото ја користи за исцелување.

Со постигнување на контрола над нашето здравје, ја зголемуваме способноста да живееме исполнет живот и да искусиме се што овој свет може да ни понуди. Учењето како да ги исцелиме нашите непријатности, тегоби и болести е вистински почеток, бидејќи нашата свест се придвижува кон спознавање на една поголема вистина.

Ние сме делови на една поголема целина, биоенергетски систем, кој претставува збир на поединечните енергии на секој од нас. Како резултат на тоа, ние сме взаемно зависни едни од други во поглед на енергијата – и во поглед на животот. Таа меѓусебна зависност значи дека изборите кои ги правиме во нашиот живот имаат влијание – материјален и енергетски – на се околу нас. Кога преземаме чекори да се излекуваме себеси, со позитивните емоции и енергија придонесуваме кон целиот систем – го исцелуваме светот.

Тоа е крајната цел на Лекувањето со Прана.

“Лекувањето со Прана не е наменето да ја замени класичната медицина, туку да ја надополнува. Ако симптомите продолжат да се јавуваат или болеста е сериозна, веднаш консултирајте лекар или Лиценциран Прана Исцелител”.

– Мастер Чоа Кок Суи

Сите ние имаме вродена способност да се лекуваме. Иако начинот на функционирање на оваа способност е можеби за нас неразбирлив, оваа внатрешна способност на телото е водена од свест која многу прецизно делува. Ние поседуваме одредено количество на енергија која се користи за оваа цел.

Овој несвесен, само-исцелувачки процес може да биде свесно исконтролиран, при што се користи највиталната компонента – исцелувачката енергија, која може да се зголеми и насочи за да се ослободиме од одреден здравствен проблем и да ја унапредиме општата добросостојба.

Лекувањето со Прана е научна бездопирна енергетска технологија, која ги користи принципите и правилата на енергетската медицина, која како широка област на алтернативното лекување ја користи универзалната животна сила како примарен исцелувачки модалитет.

Доброто здравје е всушност последица на правилен и непречен проток на оваа енергија низ телото, додека здравствените проблеми или заболувања се резултат на недостаток или блокада на истата. Лекувањето со Прана вклучува методи за зголемување или стимулација на количеството на животна сила во телото, со цел да се поттикне лекувањето.

Лекувањето со Прана се базира на целосната структура на човечкото тело, односно, ја истакнува енергетската анатомија на човекот како клучен дел во лекувањето. Енергетската анатомија започнува со фактот дека физичкото тело на човекот се состои од два дела:

  • видливо физичко тело, дел од човечкото тело кој го гледаме, го допираме и на кој сме навикнати и
  • невидливо енергетско тело, наречено биоплазматично тело, невидливо блескаво енергетско тело кое навлегува во физичкото тело и се простира и надвор од него, наречено аура.

Се состои од енергетско поле и рефлексија на суптилни животни енергии во физичкото тело. Овие енергии не прават тоа што сме, но под влијание на нашата околина и стилот на живеење. Аурата го одразува нашето здравје, катактерот, менталната активност и емоционалната состојба. Исто така, укажува на болест – често долго, пред да се појават симптомите.

Енергетската анатомија има четири основни функции:

  • да ја апсорбира и распоредува праната и да го енергизира физичкото тело
  • да служи како шаблон/двојник на физичкото тело
  • да го контролира количеството на прана во физичкото тело
  • да служи како заштита на физичкото тело од енергетска контаминација.

Најголемиот дел на аурата го обвива телото со широки, обоени светлосни прстени околу него. Овие бои ги емитираат енергетските центри (или чакрите). Во основа енергијата се добива од планетата преку стопалата и се предава на чакрите, како што растенијата прават со водата. Секоја чакра претставува трансформатор кој произведува енергија од различен вид и боја. Јачината, активноста и тонот на бојата на секоја чакра зависи од карактерот, личноста, емоционалната состојба и стилот на живеење на човекот. Сите заедно ја формираат доминантната боја/нијанса на аурата…     

Чакрите или енергетските центри се многу важен дел од биолазматичното тело. Како што виливото тело има систем од органи (витални и секундарни), така и биоплазматичното тело има примарни, секундарни и мини чакри.

Примарните чакри се ротирачки енергетски центри, чија големина изнесува од 8 до 12 см. во дијаметар. Тие ги контролираат и енергизираат примарните и виталните органи на видливото физичко тело. Соодветствуваат на централи кои ги снабдуваат примарните и витални органи со животна енергија. Кога централите функционираат неправилно, виталните органи заболуваат поради недостаток на свежа и чиста витална енергија за нивно правилно фунционирање.

Лекувањето со Прана се занимава со 11 примарни чакри.

  • Крунска Чакра
  • Челна Чакра
  • Аџна Чакра
  • Грлена Чакра
  • Срцева Чакра
  • Соларен Плексус Чакра
  • Папочна Чакра
  • Менг Меин Чакра
  • Секс Чакра
  • Базична Чакра

Секундарните чакри имаат големина од околу 5 см. во дијаметар, додека мини чакрите се помали од 2,5 см. во дијаметар. Секундарните и мини чакрите ги контролираат и енергизираат помалку важните делови на видливото физичко тело.

Чакрите навлегуваат во видливото физичко тело, а истовремено се протегаат и надвор од него.

Уште еден дел од енергетската анатомија се и меридијаните, односно енергетските канали, низ кои се пренесува телесната прана.

Најголемиот дел од “Прана” (Индиски – Санскрит), “Чи” (Кинески – Тао) или Животна Енергија ја добиваме од воздухот кој го дишеме. Секое живо битие зависи од дишењето и крајот на дишењето е крај на самиот живот. Константно ја трошиме нашата витална животна енергија со секоја мисла, чувство и емоција, секоја постапка или движење на мускулите. Како последица, потребно е константно надополнување…

Но, праната ја добиваме и од Сонцето, Земјата, … Зависно од изворот, постојат мали разлики во квалитетот на праната, односно во нејзината фреквенција. Сите видови на прана можат да се користат за физичко лекување, нејзината рафинираност ја одредува нејзината примена. Праната со висока фреквенција се користи за духовен развиток и исцелување на осетливи области, додека праната со ниски фреквенции се употребува за зголемување на физичката сила и исцелување на неосетливи области.

Праната е особено силна и еластична, но и многу чувствителна. Може да се употреби за исцелување, може да се проектира на далечина, а да не изгуби од квалитетот и делотворноста. Но, исто така може да се намали или ослаби под дејство на различни фактори во кои се вклучени нашите верувања, чувства, ставови, трауматични сеќавања, храната, луѓето со кои сме поврзани, местото на живеење и работното место, начинот на живот и работа, зборовите, мислите, нашата реакција на стресот во секојдневниот живот.

Степенот на нашето здравје зависи од изворот на прана, односно од нејзината чистота. Ако нашата прана е чиста и богата, ќе имаме добро физичко и ментално здравје. Во спротивно, ќе се здобиеме со здравствен проблем од некој вид.

Основните принципи за користење на праната во лекувањето се следните:

  1. Правилниот проток на енергија низ телото обезбедува добра здравствена состојба – основна вистина за праната, телото, умот, духот и нашето здравје.
  2. Енергетската дисхармонија укажува на постоење на болест.
  3. Количеството на прана може да се почувствува, зголеми и насочи со адекватен тренинг и обука – енергијата ја следи мислата.
  4. Телото секогаш се движи кон состојба на рамнотежа или стабилност, како наша природна состојба.
  5. Болеста се манифестира на енергетското тело, пред да се манифестира на физичкото тело.
  6. Исцелувањето се манифестира на енергетското тело, пред да се манифестира на физичкото тело.
  7. Основната причина за енергетско пореметување кое условува физичко заболување се најчесто негативни мисли и емоции, односно нашиот отпор да ги почувствуваме и да ја ослободиме нивната енергија на конструктивен начин. Долготрајното потиснување и чување на оваа енергија во телото создава блокада и енергетски дисбаланс, која доведува до здравствени проблеми.

Механизмите и функционирањето на ваквото однесување се различни и предизвикани од различни фактори и услови, но генерално се поттикнати од нашиот ум, поврзаноста ум-тело и нашата потсвест.

Од друга страна, постои и еден поинаков концепт, кој не смее да биде занемарен кога е во прашање целосното разбирање на човековото битисување, како и неговото лекување. Тоа е духовниот концепт на човекот.

Прашањето за вистинската човекова природа и нејзиното осознавање е од круцијална важност за нашата егзистенција и за решавањето на проблемите на било кое животно поле.

Човекот е духовно битие од божествена интелигенција, љубов и моќ. Иако се поистоветуваме со нашите мисли, емоции, тела, ум, ние сме всушност души. Нашите мисли и емоции се само производ на душата. Таа е непроменлива, неуништлива и вечна.

Ние сме создадени според Божјиот лик и сме едно со се… Тоа значи дека сме божествени во суштина. Божествената природа е присутна во сите нас, колку и да е прекриена со лоши особини или потисната од нашите постапки или уназадувања. Кога би се отстраниле сите слоеви на нечистотија, порано или подоцна, таа ќе се појави.

Нашиот духовен развиток е условен од разбирањето на сопствената природа, нашата поврзаност со божественото, со што нашите ставови, мисли, емоции, зборови, постапки стануваат благородни, а ние стануваме целосни, среќни и здрави, односно ја негуваме природната состојба на совршено здравје, непроменлива вечна свесност и нашиот духовен мир.

Додека бараме здравје, успех и среќа во физичкиот свет, често забораваме на вистинското здравје, успех и среќа, поради тоа што не гледаме во себе. Но, кога ќе станеме свесни за ограничувањата на физичкото тело и несовршеноста на материјалниот свет – што е неизбежно – нашето вродено чувство за оваа внатрешна состојба на мир и здравје, почнува да се колеба и прераснува во духовен немир.

Тој може да биде предизвикан од различни животни кризни ситуации, пресврти, трагедии, материјална загуба, смрт. Го доживуваме и кога постигнуваме слава, успех и напредок, кога го разгледуваме нашето здравје низ алтернативна пракса. Го доживуваат и оние кои се особено сензитивни и надарени со дух. Независно како доаѓаме до оваа состојба на свест, сите ние имаме потреба „да се вратиме дома“, да се поврземе повторно со нашите корени и повторно да го постигнеме внатрешниот мир и нашето здравје.

Внатрешниот мир го надминува хаосот во материјалниот свет, му дава ред и смисол на нашиот живот.

Овој духовен концепт на човекот е универзален и е присутен во сите религии, култури и раси.

Тоа и многу други детали го прават Лекувањето со Прана како што е предадено од Мастер Чоа Кок Суи разбирлив холистички систем за одржување на здравјето, со кој се лекува свесно, користејќи метод на трансформација кој е лесен за учење, практичен, универзален, но истовремено и многу моќен.

Лекувањето со Прана го третира човекот на сите нивоа на постоење – физичко, емоционално, ментално и духовно.

Од технолошка гледна точка, Лекувањето со Прана се темели на принципот дека состојбата на аурата или спиритуалното енергетско тело на човекот создава или здравје или дисхармонија и болест на соодветниот телесен систем. Ова значи дека физичките, емоционалните и менталните болести се всушност манифестација на дисбалансот на виталната животна енергија во аурата и енергетските центри.

Оваа природна, превентивна техника на лекување ја објаснува трансформацијата на нездравите енергетски модели преку процесот на “Чистење” и “Енергизирање”, враќање на балансот и зголемување на степенот на ревитализација на телото. Методот не е агресивен и не бара физички контакт.

Лекувањето со Прана користи три основни техники за корекција на дисбалансите:

  • Скенирање на енергетски аномалии предизвикани од негативна, искористена или заболена енергија/скенирање на блокади, натрупувања и недостаток на енергија (идентификација на наводен дисбаланс).
  • Отстранување на болната или заразената енергија (генерално и локално прочистување).
  • Надополнување со витална енергија – трансфер на свежа Прана кон личноста преку аурата и енергетските центри

Врз база на стотици експерименти и под водство на неговиот учител Мастер Чоа Кок Суи ги синтетизирал традиционалните техники на лекување и медитација во рационална наука и модерна уметност, достапна за сите.

Лекувањето со Прана е древна уметност и наука на лекување, која користи Прана или “ки” (животна енергија) со цел сеопфатно лекување на физичкото тело. Прана е санскритски збор со значење “животна сила”, невидлива био-енергија или витална енергија која го одржува телото во живот. Лекувањето со Прана било широко распространето и применувано во древните цивилизации на Кина, Египет и Индија.

Опфаќа лесно разбирливи техники на природно лекување и претставува научна бездопирна технологија. Ја користи Праната со цел поттикнување на специфични биохемиски процеси и забрзување на вродената способност на телото да спречува, олеснува и лекува широк спектар на физички, емоционални и ментални заболувања.

Методите се едноставни и лесни за учење; Секој може да научи и применува Лекување со Прана за многу кратко време. Не се потребни претходни знаења.

Лекувањето со Прана бара време за усовршување. Секоја здрава личност со просечна интелигенција, концентрација и упорност може да научи Лекување со Прана за многу краток временски период. Не е потребен физички допир бидејќи Лекувањето со Прана се применува првенствено на енергетското тело.

Лекување со Прана на далечина

Прана обоена со мислите на испраќачот може да биде пренесена до личности на далечина, кои се согласни да ја примат, така што лекувањето би се извршило на овој начин. Пациентот и лечителот се меѓусебно поврзани поради тоа што нивните етерични, односно енергетски тела се дел од енергетското тело на Планетата Земја. Ваквата поврзаност го овозможува лекувањето на далечина. Способноста да се скенира пациентот на далечина е техника која се развива преку редовно практицирање.

Потекло

Лекувањето со Прана потекнува од древни времиња. Индиските раџи, Кинеските Таоисти и Тибетските Монаси се едни од многуте кои низ вековите користеле “Прана” или енергија на лекувањето. Меѓутоа, до неодамна, овој систем бил тајно и селективно предаван и применуван од страв од неправилна примена.

Мастер Чоа Кок Суи, филипинец со кинеско потекло, повторно ги открива овие древни техники и преку внимателни истражувања во Институтот за внатрешни студии во Манила ги развива во документирана наука. Институтот за внатрешни студии е специјализирано истражувачко тело со континуиран ангажман во понатамошни истражувања и развој. Светската фондација за лекување со Прана е основана во 1990 година со цел да се подигне велот на мистеријата од оваа древна форма на лекување и да биде прифатена од денешниот човек за доброто на човештвото и планетата.

Праничната енергија е древен концепт во Хинду начинот на живот. Претставува животна сила, свесност или енергија во нуклеарна состојба. Индиските светци и јасновидци ја користеле енергијата преку механизмот на човечкото тело и со нивниот дисциплиниран ум во достигнувањето на духовно блажество/просветлување. Примената на праничната енергија нема никаква поврзаност со каста, боја или религија. Тоа е универзален систем. Човечкото суштество се смета за еволуирана душа. Од секојдневниот живот се произлезени неколку терапевтски системи. Индиските светци и јасновидци го унапредиле системот со нивниот интуитивен пристап. Ваквиот систем има способност да го издржи тестот на времето. Вака еволуиран, системот е совршен на секој можен начин.

Основач

Мастер Чоа Кок Суи

Чоа Кок Суи, Филипинец со Кинеско потекло, повеќе од 20 години целосно го насочува своето внимание кон феноменот на енергетски подржано само-исцелување. Хемиски инженер, бизнисмен и основач на Институтот за внатрешни студии во Манила. Меѓу неговите студенти се почесто се наоѓаат лекари, што е случај и во Австрија. Насекаде низ светот (САД, Бразил, Индија) во болниците се применува неговиот систем на лекување во пост-оперативните третмани и негување.

Некои од неговите книги се преведи на 24 јазици. Освен основните информации, во нив ќе пронајдете инструкции за превентивни енергетски третмани, како и енергетски третмани за различни здравствени проблеми.

Термините Големиот Мастер и Мастер се општо прифатени термини во традиционалната ориентална култура, употребувани во комбинација со многу техники и системи кои потекнуваат од Истокот (јога, борбени вештини итн). Се однесуваат на личност која има постигнато особено високо ниво на образование и остварувања. Тоа се световни титули без религиозно, политичко или какво и да е друго значење надвор од контекстот на Исцелувањето со Прана и учењата на Големиот Мастер Чоа Кок Суи.

“Енергетското лекување постои уште од далечни времиња во Индија, Кина, Азија, Европа, насекаде во светот. Но, истото е измешано со многу суеверие, суеверни практики и дадени му се разни имиња. Концептите и основите биле мистериозни, понекогаш дури и сомнителни. Интелектуалците ги познаваат генералните концепти на енергијата повеќе од 200-300 години наназад. Додека, концептот на суптилната енергија, научниците и интелектуалците најверојатно го познаваат веќе стотина години.

Она што ние го направивме е анализа на различните методи на лекување на емпириски и јасновиден начин. Ги елиминиравме оние кои не беа практични, безбедни и ефективни. Формулирани се и нови концепти, принципи и терминологии кои претходно не постоеле. Додадени се и систематизирани нови техники на лекување. Врз база на знаењето за концептот и функцијата на енергетските центри и врз база на експерименти, протоколи за лекување и методологијата, формирани се третмани за скоро сите болести. Најважното од се беше водството на интуицијата, пренесено од страна на мојот Учител и Севишните битија.

Ова е начинот на кој беше развиено Модерното Лекување со Прана на Мастер Чоа Кок Суи.”