Што кажаа за нас

Препораки

Шчепанка Хојдова

Работев со Елена на неколку теми со кои се соочувам во мојот живот.

Покрај нејзината надареност, таа изучувала многу алатки со кои ги подржува своите клиенти на нивниот пат на личен развој. Толку многу ја сака нејзината работа што ѝ стана животен стил. Елена е потполно посветен хилер.

Христинка Матоска

Како коуч Елена ми помогна да ги надминам некои свои ограничувачки ставови, во моменти кога едноставно не знаев како да продолжам понатаму. Ми помогна да го согледам моето постоење од друг агол, ми помогна да тргнам по нови непознати патеки. Како терапевт ми помогна во момент кога се соочував со тежок период кога бев врзана за кревет и кога медицината беше безпомошна. Благодарејќи на терапевските третмани денес можам да одам , да работам , да ги остварувам своите цели и задачи, да живеам пристоен живот. Ја запознав Елена и како предавач и тренер. Завршив обука од областа на лидерство, и обука од Pranic Healing (основен, напреден и психотерапија). Навистина немам зборови, едноставно личност за респект.

Сандра Ситновска

Мојот „прозорец кон светот“ беше Елена Антоновска.
И тогаш, почнуваш да учиш, да истражуваш, да читаш, да се надоградуваш, да практицираш, да работиш со Мастерот и ти се отвораат неограничени можности, видици и патишта кои водат кон целосно исцелување на комплетната личност – на телото, емоциите, чувствата, духот, на кармата. Така, човековото тело се доведува во хармонија и баланс, потполно ослободено од било какви негативни сензации и манифестации. А ти сјаеш со светлина која заслепува и чекориш без да ја допираш земјата! 😊

Павел Мишевски

Елена несебично ме внесе во суптилниот свет на енергијата. Ми покажа како да совладам техники кои самoстојно можам да ги користам секој ден во секоја ситуација за успешно да можам да ја балансирам сопствената енергија. За ова секогаш ќе и бидам благодарен.

Марија Паунова

Благодарение на Елена и на практицирање, пред сѐ на две енергетски техники, реики и Pranic Healing, ја вратив силата и снагата на моето живеење во свои раце, ги отклучувам тајните така нам природни од/со раѓање, а заклучени во некој период од нашиот, од мојот, од твојот, од сечиј живот. Преку балансирање и хармонизирање на енергетски точки/центри моите стравови од болест, од смрт, сомнежите од заболување, ги заменив со љубов и со верба во животот кој ни е сојузник во секој момент од нашето битисување и ние сме безбедни сега и секогаш. Паничните напади веќе се апстракција и предминато време за мене.

Љупка и Лина Пашанку

Во просториите на Арс Луцида се случуваат неописливи работи. Елена нѐ научи на многу техники за исцелување. Нѐ научи на тоа како да ја искористиме природата и целата нејзина енергија што ја поседува за нашето највисоко добро и идеали. Со користење на Pranic healing и Реики животот комплетно ми се промени. Мојата интуиција драстично се изостри. Станувам посвесна за работите кои навистина се битни.

Ирена Ѓурческа

Можам  за себе слободно да кажам дека не сум повеќе таа Ирена која за прв пат влезе кај Елена како исплашено глувче кое всушност се  плашеше од  животот. Сега јас сум една поинкава всушност вистинската Ирена која заедно со Елена ќе продолжи да работи и да се гради себеси си откривајќи ги тајните на животот.

Ивана Стевановиќ

Доаѓањето во Арс Луцида буквално претставуваше пресвртница во мојот живот. Посебно во однос на тоа како се однесувам кон себеси и кон другите. Моите мисли и постапки се многу поспокојни, побалансирани, а со тоа и квалитетот на мојот професионален живот претрпе неверојатна позитивна трансформација.

Ива Поповиќ

Веднаш штом ќе ја запознаеш Елена ја чувствуваш нејзината енергија, која ти влева чувство на спокој и сигурност дека ќе го добиеш потребниот одговор и потребната помош.

Елена поседува стручност и знаење во многу области но нејзиното познавање на нештата и сензибилитет посегнуваат многу подлабоко од она што со зборови може да се истакне.

Давор Маркелиќ

Чувствувам голема благодарност што го најдов мастерот и неговите учења во овој живот.

Весна Поповска

Елена Антоновска ќе ви помогне да се справите со себе си за да може да се справите со светот, сами доаѓајќи до одговори. Таа е фасцинантна фасцилитаторка во процесот на вашиот личен развој и надминување на вревата што ја создава секојдневието. Работата со неа посебно ја препорачувам на менаџери и лица кои се изложени на работа со луѓе и притисок на донесување одлуки на дневна база.

Бојана Шурбаноска

Пред две ипол години, изгубена, исплашена и јас лутав по разни работилници, коучи, спремна да копам по себе и оп изгледа на вистинско место ја забодев лопатата и ја откапав Елена и Арс Луцида. Веќе онаа девојка  која избувнува, треска врати, прави  тешка драма на места каде воопшто и нема потреба од истата, да го има последниот збор и дае во право по цена на тоа ако треба и светот нека се превети наопачки, веќе станува само бледа сенка, а во наредниот период сум сигурна и скроз ќе исчезне.

Ана Салтирова Давидовски

Брзото време не нѝ дозволува да погледнеме во себе. Ова е место каде може да се научи токму тоа :), да останеме во контакт сами со себе и со високо ниво на енергија, да ги исполниме своите цели, лично живеам со бенефитите од Реики, Pranic Healing и медитациите, благодарам од срце :).

Снежана Муратовска

Тоа што сакам да го кажам за Елена и Арс Луцида тешко се опишува со зборови: искуства кои те прават поквалитетен, покреативен, посреќен. Без оглед дали искуството е како клиент или како ученик, ученик на медитација или отворен ден, доживувањата се истовремено и содржајни и неповторливи. И ако погледам наназад, гледам колкава разлика направиле овие искуства кај мене.

Снежана Муратовска

System Engineer

Diners Club Macedonia

Ирина Неборачко

Кој може да помогне кога немате причина за несреќа, а сепак, очајот и апатијата се единствените емоции кои ве следат секој ден.

Ја контактирав Елена од Арс Луцида и се пријавив за курсот. Пет дена подоцна започнаа да се случуваат чуда во мојот живот.

По завршувањето на дводневниот курс и 4 „штимања“ имав 3 недели секојдневно третирање. Започнав да се чувствувам радосно, лесно и благодарно. Имав впечаток дека се вратив на себеси.

По 5 години живот во Азија, го пронајдов мојот Реики Мастер сега и овде, во центарот на Скопје. Мастер Елена – ти благодарам што постоиш во мојот живот!

Христијан Сион Николовски

Што можеш да направиш за себе?

Во време кога поголемиот дел од светот е тотално полуден, пронајдов личност која вистински веруваше во мене и која ми покажа нов начин на размислување и водење грижа за себе. Како личен коуч ме водеше низ процесот на самоспознавање и прифаќање. Никогаш не ми даде „готов“ одговор кој ќе го реши мојот проблем, туку ми го покажа патот по кој сам ќе дојдам до одговорите и решенијата.

Толку е лесно да се бавиме со сите останати и да завршите сѐ друго со сите други, а никогаш да не се прашаме како да решиме нешто во сопствениот живот.

Елена, ти благодарам, и за многу, многу нови перцепции и рефлексии!

Со љубов,