Знаете ли што е Кундалини енергија?

Знаете ли што е Кундалини енергија?

Кундалини енергијата се однесува на одреден тип на енергија која е лоцирана во долниот дел на ‘рбетот и мирува речиси во сите случаи. Во тинејџерските години кога телото созрева и ја менува својата форма од сете во возрасен човек, таа се активира за да ја обезбеди потребната енергија за да се случи оваа промена.

Во Јога филозофијата, Кундалини енергијата е асоцирана со женствената Шакти, која е поврзана со физичкиот свет, додека боженствената енергија се смета за машка и е поврзана со Шива и спиритуалниот свет. Шакти е манифестација, додека Шива е она што не е манифестирано. Шакти има форма, Шива е без форма. Шакти е материја, додека Шива е енергија.

На овој начин Кундалини енергијата е поврзана со формата и манифестацијата, како и со физичкото тело.

Во спиритуалноста, Кундалини енергијата е поврзана со светата енергија која треба да ја разбудиме за да можеме да препознаеме повисоки нивоа на свесност и да се засилат нивните внатрешни искуства.

Според Мастер Чоа Кок Суи, основачот на Pranic Healing и Архатик јога, Кундалини енергијата е токму онаа енергија која се користи за да се надградат мозочните келии и физичкото тело. Без развиен ум кој е способен да регистрира повисоки вибрации, да се достигне просветлување и скоро невозможно.

Ако еволуцијата на душата не е придружена со еволуцијата на телото, душата нема да биде способна да ги импресионира внатрешните доживувања заедно со физичкиот ум. Душата не би била способна да му ги пренесе увидите добиени преку интуитивната интелигенција на телото и затоа тоа нема да биде подготвено да биде употребено од страна на душата. Така, битијата со повисока свесност нема да можат да го манифестираат Боженствениот план на земјата.

Ние би можеле да имаме многу внатрешни искуства, но ако мозокот не е способен да ги регистрира, ние нема да бидеме свесни дека тие постојат.

Будењето на Кундалини енергијата му е потребна на секој практичар кој се наоѓа на својот духовен пат и се верува дека има 7 слоеви со 7 под – слоеви.

Ова будење всушност вклучува движење на Кундалини енергијата од базата на ‘рбетот, нагоре кон централниот меридијан и со текот на времето да се стигне до Крунската чакра, лоцирана горе над главата. Иако Кундалини енергијата можно е да е активирана кај многу духовни практиканти до одреден степен, она што е важно е степенот до кој е активна. Наголемото достигнување е активирање на сите 49 слоеви.

Иако многу системи на јога и медитација се фокусирани на будење на Кундалини, многу е важно да се напомене дека неправилниот начин може да доведе до проблеми од секаков вид – физичка болка, осип по кожата, зголемена телесна температура како и емоционален дисбаланс, сексуални синдроми и халуцинации.

Најчесто проблемите кои настанале со неправилното будење на оваа енергија се наречени „Кундалини синдром“.

Фактот е дека средствата и методите за будење на Кундалини енергијата се од огромна важност. Методите варираат од многу едноставни до тешки јога асани и пранајама или техники на дишење, како и медитација. Кундалинито исто така можно е да се разбуди на спонтан начин, без никаква причина, но тука најчесто следуваат најразличните Кундалини синдроми.

Една од најбезбедните и лесни практики за безбедно и брзо активирање на Кундалини енергијата е Кундалини медитацијата на Архатик јога.


Како може Кундалини да не промени?

Накратко, Кундалини енергијата може да не промени многу брзо; нашите спиритуални искуства може да доживеат голем напредок и нашиот спиритуален развој може да се одвива побрзо. Но и покрај сè, најважен е методот кој се користи; тој мора да биде брз и безбеден!