Успехот – резултат на коучинг

Успехот – резултат на коучинг

Кога започнуваме да го креираме сопствениот живот, често сме збунети, неодлучни и не знаеме што точно да правиме. Тоа е нормално. Човечки е да сакаме да знаеме како нештата ќе бидат, што точно ќе се случи, кој ќе биде резултатот. Но, тоа не е возможно од една страна, а од друга страна самата желба да знаеме и да контролираме сѐ однапред не блокира и ограничува и нѐ враќа назад, наместо да не тркала напред.

Во обидите да ја донесеме вистинската одлука за нас и во силната желба за успех, често се консултираме и разменуваме мислења со околината, со луѓе кои нѝ се блиски, кои можеби имаат поголемо искуство во дадената област и сл. Тие нѐ советуваат и нѝ даваат насоки кои условно би нѝ помогнале да ги исполниме сопствените цели. Но,… Сѐ што ќе нѝ кажат другите луѓе е нивна приказна и ќе биде проекција на нивното разбирање на нештата. А тој пристап има една маана. Често се случува да не функционира за нас, но ние сепак ги слушаме бидејќи многу љубиме приказни. Она што важи за другите, не мора да важи во нашиот случај, и уште повеќе, најчесто не е нашата приказна.

Идејата е да бидеме тоа што сме и да ги направиме работите како за нас е најдобро и најпогодно, зашто само така имаме реални шанси да успееме во тоа што го сакаме. И не само тоа… Често ваквите разговори често се фокусирани на проблемите и можните „неуспеси“, а ние сакаме да се фокусираме на решенијата и на успехот.

Затоа, не барајте совети, ангажирајте коуч…

Односот помеѓу вас и вашиот е коуч е строго доверлив и е на ниво на старо, добро пријателство

Коуч е личност која ви асистира и ве подржува на патот до вашата извонредност, а во исто време ве смета за одговорни за сопствениот живот и акциите кои ги преземате. Тој ќе ве води низ еден интересен разговор, каде по пат на поставување на корисни и прецизни прашања ќе ве поведе по патот на откривање на сопствената личност и на реализација на идеите кои ги имате.

Партнерство кое секогаш ќе биде тука за вас да ве подржи и охрабри. Довербата е клучниот збор во тој однос.

Во тој однос, коучот активно ве слуша и ја следи вашата насока, поставува отворни прашања кои имаат безброј можности и одговори со што ги отвара вашите несвесни потенцијали. Тој зазема позиција на набљудувач, која е неутрална, при што не се меша во вашите соништа, не суди, не советува, не ве учи и не ве одвратува од вашиот веќе зацртан пат.

За да можете да почнете со коучинг потребна ви е тема на која симболично склучувате договор со вашиот коуч. Тој ќе ви помогне прецизно да ја дефинирате и да ја поставите во определени рамки. Тоа значи дека ќе имате прецизно поставена цел, а не идеја, надеж или желба. Темите кои можете да ги работите се разновидни и можат да произлезат од било кој аспект од животот, како почнување на нова работа, подобрување на финансиите, хармонични односи со другите луѓе, партнерство, развивање на бизнисот. Најчесто започнувате со одговор на прашањето  „Што вие сакате?“, а е под ваша контрола. Ова е поврзано со моќта на зборовите, енергијата која ја носат и која ја зрачиме преку нив и што сакаме да се манифестира во нашиот живот, како и со начинот на кој функционира нашата потсвест, односно нашиот ум. Она што зрачиме, тоа и привлекуваме.

Коучингот ќе ве одведе на едно од вашите најубави и најкорисни патувања. Дозволено ви е да фантазирате, да отидете на местото и во времето кога вашата цел е веќе остварена и да ја доживеете потполно оваа прекрасна ситуација, во која вие сте центарот на вашата исполнета цел. Имате шанса да погледнете во иднината онаква каква вие би сакале таа да биде и да видите дека е всушност возможна. Сѐ што можете да го замислите, можете и да го остварите, се сеќавате?

За да навистина ги остварите вашите соништа, ќе ви биде потребно малку повеќе од Законот за привлечност т.е. ќе мора нешто и да направите во врска со тоа. На целта мора да се работи. А за тоа ви се потребни акциони чекори кои носат конкретни мерки и практични активности кои ќе ве понесат низ процесот на остварување на истата. Мали, ситни чекори, за кои сте сигурни дека се во ваша моќ. За нив, вашиот коуч, ќе ве смета за одговорни и на следната сесија ќе ве „испраша“ што од нив сте оствариле.

Овој процес ќе ви донесе длабока, суштинска вредност за вас, која ќе ве мотивира и повлече напред кон вашата цел. Можеби ќе сфатите дека сте се промениле, дека имате нова перспектива, дека многу нешта можете, дека вреди да стоите зад своите идеи и цели.

Kоучингот ќе ве научи дека за секоја мала работа која успешно ќе ја завршиме треба да се наградиме себеси.

Можеби ќе се здобиете со чувство на поголема самодоверба, сигурност, способност, сила. Можните опции кои би значеле вредност се многубројни, како и можностите и изборите кои се отвораат пред вас кога сте веќе навлезени во коучинг процесот.

И едно е сигурно, коучингот ќе ве научи дека за секоја мала работа која успешно ќе ја завршиме треба да се наградиме себеси. Јас би додала, љубовта кон себе и грижата за себе и сопствениот живот во секој момент би требало да бидат наградени. Наградата може да е симболична или навистина вредна. Како и да е, важно е да си дозволиме да го прославиме и да му дадеме важност и на најмалиот успех, без оглед колку безначаен нѝ се чини. Особено е влијателно ова да го направиме кога се работи за нашите цели, кои го прават нашиот живот да има смисла и нѝ даваат чувство дека учествуваме во нешто големо, дека можеме да оствариме влијание и да оставиме нешто зад нас, за другите луѓе, на глобално ниво. Сѐ што правиме е важно, ние самите сме важни, такви какви што сме. Затоа, радувајте се на вашите успеси, завршени акции, продуктивни коучинг сесии. Тоа еден ден ќе ве донесе на место кога ќе бидете апсолутно задоволни од себе и од сопствениот живот.

На крајот ви останува да го завршите она што сте го договориле со вашиот коуч, да видите дека сѐ е возможно, само треба да се осмелите и да дојдете на следната коучинг сесија. Верувајте ми, долгорочно ќе ви се исплати.