Значење на болестите-Народен лекар 2.1

Значење на болестите-Народен лекар 2.1

Значење на болестите-Народен лекар 2.1

Болеста генерално се смета за најголемиот непријател на човекот, при што во борбата за нејзиното отстранување се преземаат сите можни мерки, со извојувани победи над различни симтоми на заболувања, но не ретко се случува и да се појави нова болест пред да биде излекувана старата.

Очигледно е, дека е оскудно разбирањето за внатрешното, суптилно значење на  болестите, болката и страдањето. Ова генерално незнаење за значењето на болестите постои од времето кога религијата (religio – поврзување) и уметноста на лекувањето се раздвојуваат и следат различни и независни насоки, што значи дека се губи интегрираниот и неделив пристап кон причините на болестите. Поделбата на медицината на различни дисциплини, како што се ментална и физичка на пример, уште повеќе не оддалечува од стариот холистички поглед на болеста.

Како и да е, секогаш постојат големи духовни луѓе кои биле и се свесни за улогата на болеста во нашиот развиток. Еден од нив е и Мастер Чоа Кок Суи, основачот на Модерното лекување со Прана и Архатик Јога.

Болеста е всушност придобивка и е за наше добро, таа има корективна функција со тоа што ни укажува на некоја животна лекција која не сме успеале да ја научиме на некој друг начин и ќе биде отстрането само тогаш кога лекцијата ќе биде научена.

Симптомот на болеста треба да се разгледува како еден вид информационен медиум кој ни помага да ги препознаеме и интегрираме аспектите на нашето постоење за кои не сме свесни, сме ги потиснале, не сакаме да знаеме за нив или сме ги изгубиле/заборавиле со текот на времето. Токму оваа несвесност ги предизвикува нашите болести.

Се што е видливо е манифестација на некоја наша намера или идеја кои бараат физичка материја преку која ќе бидат изразени. Во случај на болест тоа би биле вируси, неправилен начин на исхрана итн. Ризични ситуации, несреќи и други случајности се исто така типични манифестации на горенаведеното.

Материјата и енергијата ја менуваат формата и преминуваат една во друга. Во оваа смисла, нашите тела се надворешен приказ на внатрешната свесност, како што е уметничкото дело израз на идејата на творецот.

„Нашите тела, целиот наш живот навистина, не се ништо друго освен рефлексија на нашата духовна состојба, зашто духот е оној кој му дава форма и ја одредува нашата верба.“

Тоа значи дека во надворешните и видливи аспекти, односно во нашите тела и животи, секогаш ги привлекуваме оние нешта кои кореспондираат на нашата свесност или не-свесност, во согласност со Законот на Афинитет (Она што го емитираме, тоа и го привлекуваме.) Забележителен е фактот дека ако одреден принцип не го освестиме или го потиснеме, и не го интегрираме во нашиот живот, ќе го доживееме однадвор. На тој начин, ќе бидеме соочени со него во некоја животна ситуација, со што ќе бидеме приморани да се справиме со истиот. Секоја наизглед случајна ситуација рефлектира нешто од нас самите.

Се чини дека сите нешта и случувања се дел од едно единство и на тој начин се меѓусебно поврзани, иако нашите сетила го перцепираат само нивниот надворешен, видлив израз – болест.

Но, како е можно некои луѓе да продолжат да ги прават истите грешки како и ние, без да страдаат од истите негативни резултати? Болеста ни укажува на чекорите кои треба да ги преземеме во нашата лична еволуција, која не мора да биде идентична со онаа на другите луѓе. Секој симптом е специфична порака, која треба да биде препознаена, прифатена и интегрирана пред повторно да бидеме здрави и истовремено да направиме чекор напред во нашиот развиток. Болеста претставува шанса и потреба за созревање. Така што и должината на нејзиното третирање зависи од нас самите.

Од овие причини, не треба да се бориме против болеста, туку да сфатиме зошто таа се појавува. Со препознавањето на она што ни недостасува, ни се дава шанса свесно да ги интегрираме нашите недостатоци и да достигнеме состојба на единство, целина, односно да бидеме повторно здрави.

Секоја болест има за цел да не обремени, и да предизвика кај нас некаква промена. Ова значи, дека болеста создава услови за да случи процесот на лекување. Секогаш кога сме излекувани од некоја болест, го потврдуваме холистичкиот развиток, што е и животна цел.

Неможноста да се достигне состојбата на здравје, односно хармонија, се должи на фактот дека континуирамо потиснуваме, одбиваме, игнорираме, дури и се бориме со нешто во нас. Со тоа, тензијата и притисокот ќе се зголемат, при што Праната – животната енергија не е во можност слободно да тече низ нас. Затоа, најпрво е потребно да погледнеме што се случува внатре во нас, без да носиме суд. Лекувањето со Прана се применува на суптилни нивоа на човековото битие. Техниките на третирање се всушност практична примена на енергетските знаења. При тоа, ќе почувствувате опуштање, кое ќе ве ослободи од тензијата, одбегнувањето на проблемите и чувството на одвоеност или неприпадност. Како и да е, ова значи дека потиснатите емоции и содржини често се освестуваат. Во тој случај, посакајте им добредојде и дозволете да се случат.

Исто така, со Лекувањето со Прана може да се делува на специфични шеми на однесување, поради фактот што физичката болест, секогаш е израз на погрешен став на психолошки, емотивен или духовен план, па симптомите на болеста ќе не одведат до причината за истата, недостатокот кај личноста или кон она што е потиснато или не-освестено. Третирањето ќе овозможи личноста повторно да стане целосна и повторно здрава.

Со поседување на ова знаење, секоја индивидуа може да го забрза своето оздравување ако погледне во себе, ако потполно го прифати она што го гледа и начинот на кој реагира, со цел да ја открие причината за својата болест. На овој начин ќе може да препознае и реши многу проблеми во својот живот.

Интерпретацијата на симптомите ќе биде полесна ако се запрашаме: „На што не приморува симптомот на болеста и што спречува да се случува во мојот живот? Во кои околности се појавува?“ Одговорите на овие прашања ќе не одведат многу брзо до основниот проблем и централната тема на болеста.

Како додаток, корисно е да се знае дека ако не и се обрне внимание на болеста, таа ќе се влоши до различни стадиуми. Болеста вообичаено започнува со лесни функционални нарушувања и се развива до акутни физички состојби и воспаленија, како и повреди и мали несреќни случаи. Ова е акутна состојба која бара од личноста да разбере и интегрира нешто. Ако не им се обрне внимание на овие симптоми, ќе се развијат хронични состојби. Во следната фаза се развиваат процеси кои се исклучително тешки за лекување, како што се промени во органите, канцерогени заболувања итн. Ако оваа фаза на ескалација повторно се занемари, финалниот чекор би бил завршување на животот преку болест или несреќа.

Сето ова наведува на заклучок дека успешноста и ефектот на третирањето на болестите зависи и од навремената реакција, која влијае на степенот на лекување, во однос на времетрење на третирањето.

Потребно е да се нагласи и еден друг аспект на Лекувањето со Прана, а тоа е превентивното третирање. Болеста најпрво го зафаќа енергетското тело, а потоа се манифестира на физичкото, што може да се утврди со методи на проценка на промените на енергетското тело кои отскокнуваат од нормалата. Третирањето на болеста е многу полесно и побрзо кога таа состојба сеуште се наоѓа на енергетско ниво. Превентивното третирање со Прана може да ја спречи појавата на воспаленија на зглобовите, губење на апетитот, несоница, депресија, стрес итн.

Сето ова е причина се повеќе лекари низ светот да го прифаќаат и практикуваат Лекувањето со Прана. Лекувањето со Прана во кореспонденција со класичната медицина претставува моќен инструмент за подобрување на човековото здравје, што е всушност и основната цел на овие дисциплини.

Моќта на човекот да креира е исто така голема како и моќта да уништува. Потенцирањето на позитивните сили кои се втиснати во сите нас, ќе не предизвика да креираме. Секој од нас е креатор на сопствениот живот и секој го прави сопствениот избор.

Лекувањето со Прана Ве учи како да креирате позитивни промени. Со нова енергија, моќ, љубов и со нов начин на живот ќе можете да се насочите кон позитивните цели за добро здравје, изобилство, финансиска стабилност, среќа и внатрешен мир. Ќе си помогнете себе и на луѓето околу вас, но и ќе креирате еден комплетно нов свет.

Убавината е што сето ова можете да го научите…

Претходен напис
Pranic Healing-Народен лекар 2