Коучингот како алатка за постигнување на успех (Erikson coaching – Solution focused coaching)-1 дел

Коучингот како алатка за постигнување на успех (Erikson coaching – Solution focused coaching)-1 дел

Живејте ја својата извонредност

Во создавањето на сопствената бајка, често се консултираме и разменуваме мислења со околината, со луѓе кои нѝ се блиски, можеби имаат поголемо искуство во дадената област и сл. Тие нѐ советуваат и нѝ даваат насоки кои условно би нѝ помогнале да ги исполниме сопствените цели. Но,… Сѐ што ќе нѝ кажат другите луѓе се однесува на нивната бајка и ќе биде проекција на нивното разбирање на нештата. А тој пристап има една маана. Често се случува да не функционира, за нас. Она што важи за другите, не мора да важи во нашиот случај, и уште повеќе, најчесто не е нашата приказна. Идејата е да бидеме тоа што сме и да ги направиме работите како за нас е најдобро и најпогодно, зашто само така имаме реални шанси да успееме во тоа што го сакаме. И не само тоа… Често ваквите разговори често се фокусирани на проблемите и можните „неуспеси“, а ние сакаме да се фокусираме на решенијата и на успехот.

Затоа, не барајте совети, ангажирајте коуч…

Коуч е личност која ви асистира и ве подржува на патот до вашата извонредност, а во исто време ве смета за одговорни за сопствениот живот и акциите кои ги преземате. Тој ќе ве води низ еден интересен разговор, каде по пат на поставување на корисни и прецизни прашања ќе ве поведе по патот на откривање на сопствената личност и на реализација на идеите кои ги имате. Коучинг разговорот се одвива во неколку фази.

  1. Воспоставување на мост на доверба и взаемна усогласеност

Односот помеѓу вас и вашиот е коуч е строго доверлив и е на ниво на старо, добро пријателство. Партнерство кое се когаш ќе биде тука за вас да ве подржи и охрабри. Довербата е клучниот збор во тој однос.

Во тој однос, коучот активно ве слуша и ја следи вашата насока, поставува отворни прашања кои имаат безброј можности и одговори со што ги отвара вашите несвесни потенцијали. Тој зазема позиција на набљудувач, која е неутрална, при што не се меша во вашите соништа, не суди, не советува, не ве учи и не ве одвратува од вашиот веќе зацртан пат. Тој се однесува според следните Ериксонови принципи:

  • Секој човек ги поседува сите потребни ресурси за да направи промена и постигне успех
  • Секој човек е ОК таков каков што е.
  • Промената не само што е возможна, туку е и неизбежна.
  • Зад секое однесување се крие добра намера.
  • Секој човек во секој момент за себе ја избира најдобрата можна опција. итн
  • Поставување на договор

Договорот е всушност темата на која што сакате да работите. Коучот ќе ви помогне прецизно да ја дефинирате и да ја поставите во СМАРТ рамки. Тоа значи дека ќе имате прецизно поставена цел, а не идеја, која е:

  • Специфична (важи само за вас и е оригинално ваша, а не нечија)
  • Мерлива (точно ќе знаете да одредите кога сте ја оствариле целта)
  • Достижна (во рамките на вашето разбирање и перцепција таа може да биде остварена)
  • Реална (сѐ што можете да замислите можете и да го остварите, се сеќавате? J)
  • Временски ограничена (временската рамка е клучна за да зборуваме за цели, а не за желби и надежи)

На пример добро поставена цел би била „За 3 години, имам развиен бизнис чија главна дејност е хуманитарна работа, со годишен приход од 500.000 евра, канцеларии на улица Македонија, со површина од 60 м2, 5 вработени, итн.“

Во следниот број: Продолжуваме со чекорите на коучинг процесот.