Енергетски сесии

Само отворен ум може да го спознае Универзумот

Кога сме во баланс, телото поефикасно ги елиминира токсините и негативноста кои ги забавуваат или блокираат природните биохемиски процеси во телото. Она што е потребно е да се врати природниот енергетски тек. Ние најчесто не успеваме да разбере дека нашето тело знае да се грижи за себе. А ние само го спречуваме во тоа. Се храниме погрешно, се преработуваме, забораваме да се одмараме. Го изложуваме на стрес и негативност, се држиме за емоции и мисли кои прават краток спој во енергетскиот тек, а сето тоа предизвикува слабост и дисбаланс.

Ако манифестацијата започнува во енергетската димензија, а потоа се манифестира на физички, емоционален и ментален план е подржано и од научни истражувања во областа на квантната физика за влијанието на човечката свесност и мислите врз материјата. Такашто, со влијание и промена на енергијата во нашето тело можеме да влијаеме и на физичкото тело, а со тоа и на секоја емоционална или ментална состојба.

Овој механизам стои и позади психо-соматските болести, но и зад енергетските методи.

Енергетски сесии

Секојдневието, стресот, стравот, тагата, осаменоста, расправиите и слични фактори, влијаат на енергијата во нашата аура и ја прават замаглена, дисбалансирана и сива, полна со дупки, која потенцијално може да се манифестира во непожелни здравствени ситуации.

Eнергетско третирање вклучува влијание врз енергетскиот систем (енергетско тело, чакри, меридијани) кој се наоѓа околу физичкото тело со промена на неговите фреквенции.

Преку трансформација и чистење на старата и стагнантна енергија и со внесување на нова свежа животна енергија, многу брзо и лесно се коригираат блокадите и телесниот систем се доведува во баланс и хармонија со нормален проток на енергија.

Кога сме во ваква состојба на баланс самото физичко тело многу побрзо закрепнува ткивата се регенерираат поактивно, а биохемиските процеси се оптимизирани.

Клиентот пред почетокот на сесијата најпрво има кратко интервју за неговата состојба, одговара на неколку кратки прашања кои се важни за успешно спроведување на сесијата.

Сесијата може да се одвива во лежечка или седечка состојба во зависност од потребите и ситуацијата на клиентот.

Трае околу 45-60 минути

Сесијата ја води обучен и искусен практичар.

Што да очекувате од енергетските сесии:

  • Да се здобиете со мир, самодоверба, баланс и здравје
  • Да се ослободите од стрес, вознемиреност, анксиозност, физичка и психолошка болка
  • Да се здобиете со ментална јасност, емоционална стабилност и да креирате живот каков што посакувате за себе без стравови, фобии и полни со самодоверба.

Сесии на далечина (Distant Healing)

Благодарение на универзалноста на енергијата, нашите методи не се ограничени со димензиите на простор и време, затоа енергетски сесии може да ги правиме и на далечина (Distant Healing) без физичко присуство.

 

Закажете индивидуална сесија и не заборавајте дека енергијата не познава граници.

 

Колку сесии се потреби?

Бројот на сесии зависи од неколку фактори:

  • Сериозноста на вашата состојба
  • Вашата волја
  • Дисциплината во однос на нашите препораки после сесиите

Најчесто полесните состојби како на пр. анксиозност и фобии се средуваат со 2-3 сесии, сепак тоа зависи од многу фактори и потеклото на состојбата.