Продавница

Реконекција

2.500 ден20.500 ден

Изберете модел
Реконекција – Reconnective Healing
2.500 ден
Реконекција – Personal Reconnection
20.500 ден

Опис

Светски  призната природна енергетска метода  донесена од др.Ерик Перл долгогодишен киропрактичар во Америка.

Постојат две индивидуални форми на овој метод:

  • Reconnective Healing
  • Personal Reconnection

Reconnective Healing е искуство… Енергијата, светлината и информациите СЕ ИСКУСТВА како што е и секој од нас! А што е енергија, светлина и информација? ТИЕ се Бог, Љубовта, Универзумот (или изберете ваши зборови за нив)! Тие се бесконечен потенцијал познат во целата наука, телото, умот и духот“.

-Dr.Eric & Jillian

Што е Reconnective Healing®?

Тоа е враќање кон целовитоста, тоа е Животен Напредок. Ново ниво на исцелување! Ги надминува традиционалните техники за енергетско исцелување. Затоа, конечно го отфрливме концептот, пристапот, па дури и потребата за самата техника, вклучувајќи ги придобивките од сите познати методи за енергетско исцелување. Бидејќи не е ниту терапија ниту третман и не се фокусира на симптомите.
Сепак, искуството со овој метод е нешто многу, многу повеќе.

Покрај сето ова, Reconnective Healing® не бара дијагноза, комплицирани чекори, процедури или ритуали. Наместо тоа, ние едноставно комуницираме со фреквенциите на реконекцијата, што следствено индуцира исцелувањa кои често се моментални и имаат тенденција да траат доживотно. Според ова, единствените алатки што ги користи фасилитаторот се свесност, свест и присустност.

Reconnective Healing® е враќање во оптимална состојба на рамнотежа што произлегува од интеракцијата со неговиот целосно сеопфатен спектар на фреквенции кој се состои од енергија, светлина и информации. Овој спектар носи многу корисна трансформација во нашата ДНК. Сепак, можете да примите Reconnective Healing во неговата највисока форма кога ќе си дозволите да се ослободите од очекувањата.

Се враќа кохерентноста и хармонијата во нашите животи. Ги трансформира нашите тела, срца, умови и души на физичко, ментално, емоционално, духовно ниво… и на многу начини кои можеби ни изгледаат невозможни.

Што е лична реконекција (Personal Reconnection

Personal Reconnection ги користи фреквенциите на Reconnective Healing®, но е многу прецизно и се разликува во неговата примена.

Тоа е фокусирана формација, повторно поврзување на аксиотоналните линии (енергетски меридијани) на човекот со енергетските меридијани на планетата Земја и Универзумот во сите димензии на времето и просторот.

Вака вие повторно се поврзувате со безвременскиот систем на интелигенција, вашата главна вибрација и вашата еволуција. Активно избирате да пристапите до сето она што сте го научиле во текот на вашиот живот, во оваа димензија и пошироко. Тоа е тековен процес и ќе продолжи да се развива додека ќе почнете да правите нови избори на вашиот животен пат, преминувајќи во вашиот животен напредок. Многумина кои го доживеале нивното лично повторно поврзување едноставно велат: „Животот е… полесен“.

Personal Reconnection се работи еднаш во животот!

Се прави во две посебни сесии во два дена.
Сесиите се работат во 2 дена (секоја сесија трае 30-45 минути) едноподруго со еден ист практичар.
Помеѓу сесиите не смеат да поминат повеќе од 72 часа.
Добивањето на вашето Personal Reconnection е избор. Не секој избира да го смени својот живот со ова забрзано темпо.
Сесиите ги води сертифициран Reconnective Healing/Personal Reconnection фасцилитатор

Закажете термин и консултации на  078 255 707

Дополнителни информации

Цена

Reconnective Healing, Personal Reconnection