РЕИКИ – Прва средба со Небесното Ки-3 дел

РЕИКИ – Прва средба со Небесното Ки-3 дел

Во овој свет каде луѓето продолжуваат да се разболуваат, повредуваат страдаат од различни нарушувања и состојби, улогата на Реики методата во подобрување и корекција на многу нарушувања не смее да биде потценета.

Една Реики сесија трае вообичаено еден час до час и половина. Реики практикантот ги позиционира своите раце нежно и пасивно на различни делови од телото, вообичаено почнувајќи од главата. На секоја позиција се задржуваме најмалку пет минути. Реики методата е различна од традиционалната масажа бидејќи клиентот е облечен додека се работи со него. Реики методата не вклучува било каква форма на манипулација со ткивата или мускулите такашто рацете остануваат статични. Реики енергијата тече без оглед на материјалот помеѓу рацете на практикантот и телото на клиентот.

Во текот на третманот често се случува клиентот да доживее сензации како што се на пример топлина или вибрации кои доаѓаат од рацете на Реики практикантот. Повеќето клиенти изразуваат дека навлегуваат во длабока состојба на опуштеност. Оние клиенти кои имаат искуство со медитација велат дека навлегуваат во длабока медитативна состојба. Умот се смирува, забавува дишењето, а се здобиваат со чувство на благосостојба, центрираност и подобра перспектива кон животот.

Едночасовна Реики сесија психолошки може да се спореди со 3 до 4 часа квалитетен сон, па соодветно клиентот ги има и истите бенефити, како што е на пример зголемено количество на кислород во крвта и во ќелиите. Овој клинички заклучок, во комбинација со медитативната состојба, ја прави Реики методата една од најефективните во ослободување од стрес.

Редовната примена на Реики доведува до зголемување на општата виталност и благосостојба, како и чувство на внатрешен мир. Во голема мера го забрзува и поттикнува процесот на регенерација и ревитализација на ткивата. Уште повеќе, овозможува подобрување на квалитетот на живот во огромен степен.

Реики не може да се научи од книга или по инструкции. Тоа е една од древните мистерии на светот каде активацијата на Реики енергијата се случува само низ процесот на „штимање“, кој го спроведува Реики учителот.

Важна разлика помеѓу Реики методата и останатите ефективни енергетски методи е следното – штом Реики е еднаш активирано во вашите раце, го имате за цел живот, при што можете да се третирате себе и другите. Кај многу енергетски методи ова не е случај.

Исто така, кај поголемиот дел од енергетски системи, практикантот е ограничен со неговиот физички и духовен развој и често се наоѓа во опасност од намалување на личната енергија во процесот на третирање на други. Оваа разлика е еден од примарните бенефити на Реики методата.

Реики методата може да биде објаснета на многу начини. Може да се смета за енергетска наука која има смисла ако ја разгледуваме од перспективата на квантната физика. Може да се смета за состојба на манифестирана свесност. Кое и објаснување да го земеме, може да се каже дека претставува древна метода на хармонизирање на енергијата, која брзо станува препознатлива помеѓу оние кои го промовираат здравјето како безбедна и високо ефективна комплементарна метода, кон сите останати форми на здравствена грижа.

Почнувајќи од седумдесеттите години на минатиот век, клиничките набљудувања придонесуваат кон поголемо научно разбирање на Реики методата. Иако многу од учителите сеуште го предаваат знаењето на традиционален начин, други пак во традиционалните учења вклучуваат дополнителни увиди обезбедени од модерната наука. Во универзумот постојат сили кои дејствуваат многу илјадници години, како што се на пример: антиматерија, искривен простор, субатомска енергија и тн. Во овој момент, кога истите се објаснети од страна на науката, се здобиваме со продлабочено разбирање за влијанието на овие откритија во секојдневниот живот.

Нам, како на човечки битија, ни е потребно повеќе од само поединечен духовен совет или слепа верба пред да ја прифатиме валидноста на ваквите техники како што е случајот со Реики. За многу луѓе користењето на енергијата е нешто што е вон вообичаените човечки искуства и е без кредибилитет.

Во секој случај, личното искуство е она што се брои. За да се здобиеме со искуство потребно е да бидеме отворени и да се впуштиме во едно ново доживување на само-спознавањето наречено Реики. Ќе бидете изненадени од тоа што сѐ може да се добие од него.