Традиционално Усуи Реики

„Моќта на практичарот не доаѓа од некоја посебна способност, туку од задржаната храброст и свесност да се користи и изрази универзалната регенеративна моќ која секое човечко битие природно ја поседува.”

Што е Реики?

Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи. Реики бил повторно откриен при крајот на XIX век од страна на јапонскиот доктор Микао Усуи (Mikao Usui), а подоцна проширен низ светот од страна на Хавајо Таката (Hawayo Takata).

Зборот реики е составен од два јапонски збора – „реи“ што значи „божја мудрост или виша сила“ и „ки“ што значи „универзална животна енергија“. Така, реики всушност претставува „духовно управувана универзална животна енергија“. Реики поседува сопствена мудрост, не може да се манипулира и тече насекаде каде што постои некаква нерамнотежа.

Реики & Излекување

Реики се базира на идејата (која ја има кај сите енергетски и духовни техники на исцелување) дека во вселената постои изобилство од духовна енергија. Во вселената постои „животна сила“ која одредува дали сме живи или не, како и степенот на нашата благосостојба. Таа „животна сила“ постојано тече низ нашето физичко и енергетско тело. Сите ние имаме вродена дарба за исцелување – нашето тело знае да се излечи само, а тоа се прави со „положување на рацете“. Постојат неколку позиции во кои оној што дава реики е во директен контакт со клиентот, но во повеќето реики-третмани воопшто нема допирање. Тој што дава реики ги држи дланките на неколку сантиметри од телото на клиентот и оттаму управува со енергетското поле. Во реикито енергијата се канализира на специфичен начин за телото, во кое енергијата излегла од рамнотежа, да се исцели, хармонизира и да му се врати рамнотежата

Реики ја исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Реики третманот доведува до длабока опуштеност.

Реики се покажало успешно како помош во лечењето на речиси сите болести познати на човекот и секогаш дава благотворни резултати. Исто така, реики може да се комбинира со сите останати медицински и терапевтски техники за да се ублажат несаканите последици и полесно да се закрепне.

Реики не е религија и не е догма. Духовноста на реики ја буди одговорноста да се живее и да се делува во хармонија со другите луѓе. Д-р Микао Усуи, основачот на системот на природно исцелување со реики, препорачал неколку едноставни етички идеали со кои се поттикнуваат мирот и хармонијата, универзални за сите култури.

Принципите на Реики методата:

  • Само денес, нема да се грижам;
  • Само денес, нема да се лутам;
  • Само денес, ќе покажам благодарност за сите мои благослови;
  • Само денес, чесно ќе ја работам мојата работа;;
  • Само денес, ќе ги почитувам моите предци, учители исите живи суштества;

– Д-р Микао Усуи