Подигање на нивото на свесност

Подигање на нивото на свесност

Човечкото тело и неговиот ум наликуваат на чувствителна електронска опрема која емитува и прима пораки. Се однесуваат како радио кое прима сигнали од различни радио станици. По оваа аналогија, ние ги чувствуваме вибрациите на луѓето околу нас, односно нивните мисли и емоции. Поточно, настанува меѓусебен трансфер на емоции.

При медитација, се забележува дека на површината на нашиот ум се појавуваат многу мисли. Некои од нив се наши, но многу од нив исто така доаѓаат и од надворешни извори. Всушност, ние се наоѓаме во океан од турбулентни мисли и емоции. Како да се надмине оваа состојба? На тој начин што наместо пониска фреквенција, ние ќе ја одмереме онаа повисоката, која припаѓа на повисоките нивоа на свесност.

Наједноставниот начин за да се постигне ова е користењето на мантрата „ОМ“, „AUM“ или АМИН. Оваа мантра има прочистувачки ефект и овозможува подигање на свесноста на повисоки нивоа. Таа е практикувана од страна на Индијците, Тибетанците, Кинезите, Кабалистите и во многу други традиции и религии, вклучувајќи ја и нашата.

Во Кабалата во книгата на Зохар, постојат 72 називи за Бог. Едно од нив е „Аleph Vav Mem“ каде почетните букви од називот го формираат AUM. Со други зборови AUM е еден од називите за Бог.

Во Христијанството, сите описи за Бог започнуваат со ОМ. На пример, кога сакаат да го претстават Бог велат дека тој е семоќен – omnipotent, тој е секаде – omnipresent, тој е сезнаен – omniscient.

Зборот АМИН е поедноставена верзија на мантрата AUM. Тој исто така претставува креација, но повеќе како заклучок, односно претставува точка на крајот на реченицата. Забележете дека молитвите во Јудаизмот, Исламот и Христијанството завршуваат со АМИН. Суштинското значење на АМИН е „Во името на Бог, така нека биде“.

Редовното практикување на мантрата ОМ, доведува до душевно прочистување и постигнување на единство со се. Но, таа може да се користи и за прочистување на предмети, места и простор, поединечно или во комбинација со некои други техники. Таа помага и во подобрување на состојбата при одредени психолошки нарушувања, ако истата се користи за подолг временски период.

Мантрата ОМ е вклучена и во Лекувањето со Прана, како составен дел од Мадитацијата на Срцата близнаци, токму со цел подигање на свесноста на повисоки нивоа.

Мантрата ОМ или АМИН е тесно поврзана со звукот на креацијата. При длабока медитација, личноста може да го слушне сопственото внатрешно ОМ, односно да го почувствува Божественото присуство во себе.

Како што се вели во Библијата: „На почетокот беше Зборот и Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог.“