ПОСТИГНЕТЕ ГО НЕВОЗМОЖНОТО-4

ПОСТИГНЕТЕ ГО НЕВОЗМОЖНОТО-4

  • Извадоци од истоимената збирка на Учителот Чоа Кок Суи

ЗА ПАРИТЕ

Парите се конкретизирана енергија.

Парите се Моќ! Парите се алатката која Вие треба да ја употребите. Тие ви овозможуваат да ја манифестирате волјата да се прави добро. Афирмирајте: „Парите течат кон мене како река! Парите паѓаат на мене како водопад!“

Вашиот став ја одразува Вашата финансиска ситуација. Во Таозмот се вели, сиромашните луѓе можете да ги процените според оние нешта кои не сакаат да ги прават, а богатите според начинот на кој ги трошат и употребуваат своите пари.

Избегнувајте прекумерни трошоци. Избегнувајте финансиски ризици. Кога не се грижите за Вашите финансии, тоа значи дека Вашата енергетска основа не е силна и здрава колку што може да биде. Енергетските центри на долната половина од телото се котвата во Вашиот живот. Вашиот успех во животот  онолку добар, колку што се ашите енергетски центри. Нивната состојба влијае на Вашиот просперитет. Научете и користете Лекување со Прана!

Ако сакате да вдишете, најпрво мора да го испуштите воздухот. Во давањето се крие семето на напредокот. Кога давате, мора да изјавите дека добрата Карма од тоа дело ќе Ви се врати Вам и на Вашето семејство многу, многу пати.

Ако сакате да се здобиете со богатство, мудро давајте и поделете. Мора да имате добра Карма.

Ако не штедите и не инвестирате, имате помалку начини да ја манифестирате Вашата добра Карма.

Како што сеете во изобилство, ќе жнете во изобилство. Давањето милосрдие не е трошок, тоа е Кармичка инвестиција.

Давајте од благодарност и за да ја подобрите Вашата духовна конекција. Но, давањето не е само акт на љубов и милост, тоа е исто така и многу умно! Давањето е наука. Тоа е таканаречен Духовен материјализам. Ако сакате поголем профит, давајте. Бидете милосрдни.

Духовниот труд значи да побарате благослови кои ќе ви овозможат материјализација на просперитетот.

Без милосрдие добивате помалку изобилство и помалку духовен развој. Мора да давате пропорционално на она што сакате да го примите.

Давањето не секогаш се заснова на нечија потреба. Тоа е исто така и Кармичка обврска. Тоа значи отплаќање на Вашите Кармички долгови и создавање на добра Карма. Неутрализацијата на созреаната Негативна Карма е уште една причина за да давате Милосрдие. Овој принцип се наоѓа во сите религии.

Милоста и Изобилството секогаш одат рака под рака.

Вашата иднина е во Ваши раце. Само е потребно да ги засеете вистинските семиња. Практикувајте млосрдие! Донирајте! Давајте!

Да се предвиди иднината е тешко. Но да се креира истата е многу полесно. Користете го Законот на Кармата за да ја креирате сопствената иднина!

Продолжува…