Прана, здив на животот
Некои луѓе воопшто не се свесни каква енергија пренесуваат во нивната сегашност.
Прана е витална енергија која ни дава моќ да опстоиме во оваа реалност, таа е подарокот кој ни го дава овој живот, овозможувајќи ни да бидеме едно со него. Ние луѓето ја добиваме праната внатрешно преку дигестивниот и респираторниот систем, а надворешно ја примаме преку нашата суптилна структура на нашата внатрешна аура и чакрите.
Три главни надворешни извори за апсорбирање на прана се: земјата, воздухот и сонцето. Праната е во воздухот и ние константно ја апсорбираме преку нашата суптилна структура.
На Санскрит зборот прана означува животна или витална енергија. Во Кина зборот прана е исто познат како „Chi“, во Јапонија е познат како „Ki“ или „Qi“, во Ебрео како „Nephesh“ (што значи здивот на животот), а во Каталан е познат под името „Esma“. Иако во сите култури имињата се различни, сите тие го даваат истото значење – животна енергија.
Доколку ја разберете праната како животна енергија или како виталност, индивидуата разбира дека благодарение на праничната енергија, нашите келии и молекули се координираат за да го конструираат нашето тело и со тоа ние го одржуваме телото кое со текот на годините се менува.
Преку нашето суптилно тело, непознато за многумина ние ја апсорбираме праната. Мастер Чоа Кок Суи во неговите книги и курсеви објаснува како функционира суптилната анатомија и како ние можеме преку праната да го подобриме нашето тело и како да спречиме одредени промени кои подоцна може да прераснат во болки, болести или состојби.