Опис
За кого е оваа програма?
Оваа работилница е за сите оние кои сакаат да се унапредат, развиваат и да копаат подлабоко. Таа е за сите доживотни ученици и истражувачи кои сакаат да ја градат и унапредат сопствената флексибилност и резилиентност и да го променат начинот на кој ја доживуваат слободата и животот воопшто.
Креирана е за личности кои работат со луѓе, коучеви и поединци.
Теми на работилницата:
- Дел 1: Енергија и тело
- Дел 2: Емоции и карма
- Дел 3: Ум
- Дел 4: Дух
- Дел 5: Коучинг
- Дел 6: Креација
Бенефити од работилницата:
- Ослободување од стрес
- Исцелување на сите нивоа
- Јасни увиди во личните животни искуства
- Концентрација, меморија и фокус
- Самодоверба, сила и храброст
- Внатрешен мир, спокојство и благосостојба
- Зголемување и стабилизирање на енергијата во системот
- Балансирање и хармонизирање
- Хармонија на мислите, емоциите и духот
- Фокус на животни решенија
Референци на методи кои се користат во работилницата:
- Емоционално прочистување & работа со Внатрешното дете
- Елементи на трансакциона анализа & НЛП,
- Solution Focused Coaching,
- Регресотерапија
- Ментални процеси
- Различни енергетски пракси
- Шаманизам
Секој четврток, 6 термини по 2 часа од 18 до 20 часот преку ZOOM:
- 06.04.2023
- 13.04.2023
- 20.04.2023
- 27.04.2023
- 04.05.2023
- 11.05.2023
Обучувач: Елена Антоновска.
Елена е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida.
Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, и тн.
Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.
Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите.
За дополнителни термини и групни или индивидуални сесии, контактирајте не преку WhatsApp, Viber или јавете се на +389 78 255 707 или испратете ни мејл за било какви други прашања и детали поврзани со нашата работа на: contact@arslucida.com