Опис
Што тоа практично значи?
Тоа значи дека како резултат на не развиениот капацитет за умешно препознавање и јасно комуницирање на своите мислењата, ставовите, уверувањата, емоциите, желбите, целите, со они со кои секојдневно сте во комуникација, било на деловен или личен план, и во неможност за соочување и конфронтација, настанува отсекување од другите, а тоа се манифестира со чувство на осаменост, несватеност и т.н.
Практично кажано, целокупниот живот и неговиот квалитет зависи од умешноста за комуникација и отвореноста и прифаќањето и изразувањето на своите мисли, емоции, стравови од една страна, но и отвореноста и прифаќањето на истото од другите, посебно емоциите на другите, од друга страна. Или со други зборови, квалитетот на целокупниот живот зависи од умешноста за комуникација со другите луѓе, а во голема мерка со спротивниот пол, не зависно дали се работи за партнерски односи, деловни или приватни, љубовни односи или пак фамилијарни релации.
Главно мото на оваа интерактивна работилница е:
„Ако љубовта и животот се игра, кои се правилата?“
Што се работи?
- Потеклото на проблемите и конфликтите
- Во какви партнерски релации би сакале да бидете?
- Кои се разликите, кои сличностите помеѓу мажите и жените
- По што се препознаваат разликите и сличностите и како тие се одразуваат во нашата секојдневна комуникација и меѓусебно разбирање
- Како да се дојде до подобро меѓусебно разбирање, подржување и експанзија
Како се работи?
Се користат моќните алати од Клиринг:
- Релаксација – лесни медитативни вежби кои ќе ви помогнат за опуштање и подобар контакт со самите себе и другите.
- „ДИЈАДА“– разговор на две свесни индивидуи во рамноправен етички однос.
- Група за разбирање – разговор во група која е тука да ве сослуша, да ве разбере и да ви даде подршка.
- „ЛИЛА група“, медитација – контемплација- разговор.
За кого е оваа работилница?
За сите оние кои сметаат дека со развиток и унапредување на своите способности и вештини можат да креираат поубав, по исполнет и поздрав живот , според своите замисли.
За кого не е оваа работилница?
За сите оние кои сакаат да живеат според фаталистичкиот образец“ Сѐ е пуста неминовност”, и тука ништо не може да се направи едноставно тоа е судбина.
Каде и кога се одржува?
Работилницата ќе се одржи на 17-18.06.2023 (викенд работилница) со почеток во 10 до 18 часот во просториите на Арс Луцида.
Бонус: Секој учесник добива две бесплатни сесии со клирерот, и брошура
„Клиринг како пат за целовит развиток“
Пријавување најдоцна 5 дена пред почеток на работилницата.
- Преку е-пошта: contact@arslucida.mk
- Телефонски: понеделник – петок, 12:00 ч. – 20.00 ч.
- преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707
Ви благодариме.
Ваш клирер/коуч Христинка.
Ве очекуваме со радост.