Направете место за вашиот идеален партнер

Направете место за вашиот идеален партнер

Манифестирањето на љубовта е нешто што се чини дека некогаш е речиси невозможно. Доколку сте сами и сте во потрага за партнер тогаш сигурно ќе ви дојде на ум прашањето: „Каде да најдам таков партнер? Како ќе знам?“

Вистината е дека манифестирањето на љубов не е барањето на некој специјален партнер. Манифестирањето на љубов е расчистувањето на патот за тие да дојдат во вашиот живот, тоа е за да се исфрли емоционалниот товар и ве прави подготвен за врска. Ова вклучува физичко, емоционално, ментално и духовно подготвување.

Манифестирањето на љубов е чистење на просторот на вашето срце, ум и дом. За било кој, од било која возраст кој може да манифестира љубов. Еве како….

7 Совети за манифестација на љубов

Манифестирањето на љубов е нешто повеќе од визуелизација на вашиот совршен партнер и повеќе од фантазирање за него/неа во вашиот живот иако тоа е дел од вашиот процес.

Манифестирањето на вашиот идеален партнер е повеќе од тоа да отворите врата и да ја пуштите личноста внатре.

1. Бидете најдобри што можете

Помислете на личноста која сакате да ја привлечете и запомнете дека вашата сродна душа е огледало на тоа кој сте вие. Доколку сте свесни за вашите несакани особини тогаш најпрвин поправете ги за да не привлечете додека сте во процес на растење. Вие сакате да сте на вибрацијата на вашиот идеален партнер, со вашите идеални квалитети. Секогаш трудете се најдобро што можете во се. Тоа ќе ви ја зголеми вибрацијата.

2. Дадете љубов за да примите љубов

Постојат многу начини за да изразите љубов. Бидете личност која е полна со милост, со разбирање, полна со емпратија, личност што помага, имајте разбирање и нежност колку што е можно повеќе. Доколку некој ве иритира, подарете им вибрации на љубов. Можеби во нив постои внатрешна болка за која тие не се ни свесни – болка која може да се излечи само со љубов. Затоа испратете им ја љубовта која им е потребна.

3. Дознајте што сакате, но бидете отворени за „подобро“

На пример, доколку имате некаква визија во вашата глава дека вашата вистинска љубов е тип на висок, црн и убав (или русокоса, мила и убава) личност која поседува одредени особини (интелигенција, хумор, атлетски градена итн.), вие може да отргнете некоја личност која не ја собира во вашиот „калап“, но можеби оваа личност е вистинскиот партнер за вас.  Доколку вие го замислите вашиот совршен партнер во вашите визуелизации, секогаш сложете се на тој или подобро од тој тип на личност. Разгледувајте ги сите подобри можности.

4. Верувајте дека вашиот вистински партнер е таму и погледнете за вас.

Доколку го погледнете Законот за Привлечност, вие ќе привлечете работи кои се еднакви во вашите верувања. До вас е да го креирате тоа порамнување со тоа што ќе верувате дека на вас вие судено да се сретнете.

Запомнете, доколку се сомневате дека тој/таа исто бара, исто се сомнева, исто се прашува…. затоа преку вибрација убедете ги нив дека вие ги чекате нив. Доколку вашата вибрација е еднаква, вие ќе се сретнете со нив. Можеби не денес или утре, но никогаш не се откажувајте од тоа. Доколку порамнувањето е таму, тоа ќе се случи.

5. Направете место во вашата глава, во вашето срце и дом

Исчистете го вашиот креденец. Како може да го повикате вашиот партнер во вашиот дом доколку нема место за нивните работи? Дури и доколку немате план да останете во вашиот сегашен дом, не е во тоа поентата. Поентата е во тоа да ја исчистите собара, физички……..и емоционално. Ослободете се од минатите болки. Простете! Направете листа од минатите врски со кои сеуште имате неразрешени проблеми, болка и горчливост. Напишете писмо каде што ги искажувате вашите чувства, не пропуштајте ништо. Овие писма не се наменети за испраќање. Тие се како алатка за целосно да ги искажете вашите емоции.

Потоа….(сега е потешкиот дел), напишете второ писмо, упатено кон себе, од гледиште на вашиот поранешен партнер. Навистина размислете за ова. Ќе ги видите работите од вашата перспектива но дали сте помислиле некогаш на нивната перспектива? Дали постои нешто во врска со вас што ги полудува нив или дали постојат некакви недоразбирања или погрешна комуникација поради една или две причини поради кои не можете да ги видите перспективите? Ова е едно од писмата што највеќе лекуваат… Простете му на вашиот поранешен партнер и на себе и ослободете го емоционалниот товар. Вие и вашиот парнер нема да го сакате овој енергетски товар. Вашиот идеален партнер е таму и ве бара вас.

6. Сакајте се себеси исто како што сакате вашиот партнер да ве сака вас

Негувајте се себеси. Мислете и говорете мило за вас (се исплати да станете многу свесен за начините како да зборувате за вас преку разговор со себе и на другите). Грижете се за себе физички со вежбање и со добра и здрава исхрана.

Работете на вашите таленти и станете најдобар што можете со талентите што ги поседувате. Работете на вашите слабости, но не грижете се за нив – тие се можности. Работете на вашите предности, но не претерувајте со нив – тие се дар. Секогаш запомнете, светот ви дава одраз на тоа што го гледате во вас.

7. Прекинете со потрага

Потрагата само функционира преку интуитивно водство. Доколку се присилите да одите по барови, фитнес сали, онлајн или преку други традиционални места за барање на партнери, тогаш вие ќе функционирате од местото на недостаток. Вие ќе привлекувате недостаток. Но доколку вие почнете да работите на вас, доколку вие одберете да бидете среќен со самите себеси  и доколку вие се ставите во фреквенција со вашето внатрешно водство, вие ќе бидете водени на вистинското место каде што ќе го запознаете вистинскиот/ката. Тоа може да биде во клуб или во фитнес сала….. но додека не го примите тоа водство вие ќе испуштате вибрација на очај и недостаток.