Сеќавањата ги наследуваме од нашите предци

Сеќавањата ги наследуваме од нашите предци

Дали имате страв од пајаци? Можеби змии? Можеби вашите предци се обидуваат да ви кажат нешто. Неодамнешните студии обезбедиле докази дека сеќавањата од стравовите се едни од многуте работи кои од нашите предци доаѓаат до нас преку нашата ДНК.

Една студија во 2013 од Универзитетот Емори открива дека глувците обучени да се плашат од специфичен мирис ги предаваат нивните емоции на нивните потомци и идни генерации. Научниците применувале електрични шокови на глувците кога ги изложиле на мирис од цреша. Потоа глувците биле одгледувани, а по нив децата и внуците на погодените глодари покажале страв од мирисот на цреша кога за прв пат го почувствувале мирисот.

“Нашите резултати ни овозможија да дознаеме дека искуството на родителите, дури и пред зачнување на потомство, значително влијаат врз структурата и функцијата на нервниот систем на следните генерации”, вели д-р Брајан Диаз од одделот за психијатрија на Универзитетот Емори. “Таквата појава може да придонесе за етиологијата и за потенцијалниот интергенерациски пренос на ризикот од невропсихијатриски болести како што се фобии, анксиозност и пост-трауматски стрес.”

Студијата отиде подалеку од набљудувањето на реакцијата страв. Научниците всушност погледнаа во мозокот на животните и најдоа физички промени во областите кои ги обработуваат мирисите, а исто така се најде маркер на генот мирис на ДНК-та на глувчето.

Експериментот функционираше дури и кога истражувачите користеле вештачко оплодување наместо да им се дозволи на глувци да се размножуваат природно. Научниците сеуште не се сигурни како отпечатокот на страв влегува во семето – дали мирисот минува низ крвта, или мозокот го процесира мирисот и испраќа свој сигнал.

Луѓето долго време се обидуваат да ги разберат меморијата и наследноста, природата против негувањето и колку всушност информации родителите пренесуваат на своите деца. Истражувањето е уште еден чекор кон одговарот на нашите прашања за што и колку од нашите искуства се пренесуваат на нашите потомци.Предисториски стравови

Постојат се повеќе истражувања за тоа како луѓето и другите животни го наследуваат стравот од нивните предци. Една студија објавена во „Зборникот на Националната академија на науките“ во 2013 година покажа дека мозокот на приматот е уникатно наштелуван да ги препознае  змиите, укажувајќи на тоа дека ние сме здобиени со вроден страв од змии во текот на нашиот еволутивен развој. Една студија во 2011 покажа дека бебињата не мора да се плашат од змии од раѓање, но тие да учат да се плашат од змии многу побрзо отколку што ќе научат да се плашат повеќе од други неопасни појави како што се цвекиња и зајци.

“Она што го сугерираме е дека ние ги имаме предрасудите за откривање на нештата како што се змиите и пајаците навистина брзо, и да ги поврзуваме со работи кои се грозни или лоши или пак ги толкуваме како страшен глас”, вели студијата и ко – автор Ванеса Лобуе. Истражувањето изградено од претходната работа на Лобуе и нејзиниот тим, кои покажаа дека луѓето биле способни да ги идентификуваат змиите и пајаците побрзо од другите животни и објекти. Има дури и доказ дека приматите всушност имаат развиено голем мозок и лукав вид како мерка за одбрана за да се избегне змијата.

Претходен напис
Hrabrost nasuprot strahu