Реики Ниво 2

Традиционално Усуи Реики

Реики ниво 2 ве поканува да ја продлабочите конекцијата со својата регенеративна моќ и да се здобиете со поголемо искуство во користењето на Реики.

Овој курс се фокусира на работата на себе на повисоко, емоционално - ментално ниво, зголемувајќи ја свесноста за моќта на Реики, нѐ запознава со неговите симболи и дава акцент на практична работа.

На овој Реики курс ќе добиете:

  • 2 нови усогласувања (attunements) кои понатаму ќе ги зголемат вашите исцелувачки способности, ќе ги интегрираат симболите и ќе ве приближат до себе;
  • Значење на симболите во универзалното знаење;
  • Концепт на време и простор;
  • Првите 3 симболи на Реики, нивните имиња, активирање и употреба;
  • Испраќање Реики на далечина за себе и другите;
  • Потсетување на знаењето за енергетскиот систем;
  • Употреба на Реики на ситуации и настани;
  • Подлабоко разбирање на кармата и нејзино чистење со Реики;
  • Практични вежби;
  • Моќта на намерата;

и многу повеќе.

Предуслов: Реики Ниво 1 и континуирана пракса.